Турнири

Радовиш ќе биде центар на младинскиот фудбал: Над 450 деца дел од „Велигденски турнир 2026“

Сподели
Сподели

Радовиш викендов ќе живее во знакот на фудбалот, откако ФК Детонит – Плачковица (пионерски категории) ќе го организира „Велигденски турнир 2026“, кој ќе се одржи на 11 април (сабота) на Градскиот стадион со почеток од 09:00 часот.

Турнирот кој по првпат се организира веќе предизвика огромен интерес, а организацијата потврди дека пријавите се затворени, со оглед на тоа што сите места се пополнети. На терените во Радовиш ќе настапат околу 450 млади фудбалери, кои ќе ги бранат боите на клубови од Македонија, Србија и Бугарија.

Станува збор за натпреварување во повеќе возрасни категории, односно генерации 2013, 2014, 2015, 2016, 2017 и 2018, што гарантира динамична и содржајна програма во текот на целиот ден. Организаторите предвидоа и различен формат на игра во зависност од возраста, со цел да се овозможи максимален развој и уживање на младите фудбалери.

„Велигденски турнир 2026“ не е само спортски настан, туку и можност за дружење, стекнување нови пријателства и промоција на фер-плеј вредностите меѓу најмладите.



Медиумски покровител на турнирот е Спортска Мрежа, која ќе обезбеди целосно следење на настанот, со информации, фотографии и содржини од теренот.

Со ваква бројност и интернационален карактер, Радовиш уште еднаш ќе потврди дека е важна дестинација на мапата на младинскиот фудбал во регионот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

ФОТО: Сигурна победа за Тримо Требње над Нексе Нашице на турнирот во Охрид

Тримо Требње со триумф на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид откако го доби Нексе Нашице со резултат со 26:21. Словенечкиот тим до...

Ракомет

Утре започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп

Утре започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп, а на истиот ќе настапат домаќинот Прилеп, Мулти Есенс, Младост Богданци, Бутел,...

Поврзани написи
Турнири

ВИДЕО: Познати сите четвртфиналисти на меморијалниот турнир во Дебреште – ќе биде неизвесно за полуфинале!

Меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески – Алмо 2026“ во прилепско...

Турнири

Отворени пријавите за Ohrid Winter Cup – четири дена фудбал, дружење и натпревари на „Билјанини Извори“

Охрид во декември ќе биде домаќин на уште еден голем младински фудбалски...

Турнири

Меморијалниот турнирот во Дебреште влегува во возбудлива фаза, од утре стартува осминафиналето

Заврши групната фаза на меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески –...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!