Кошарка

ТФТ слави во Чајетина и се пласира во полуфиналето на АБА 2!

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели

Кошаркарите на ТФТ направија голем подвиг и обезбедија пласман во полуфиналето на плеј-офот во АБА 2 лигата, откако на гостински терен во Чајетина го совладаа Златибор со 90:80 и со вкупни 2-1 ја добија четвртфиналната серија.

Македонскиот тим одигра одличен натпревар и уште од самиот старт најави изненадување. Во првата четвртина ТФТ беше доминантен и со ефикасна игра брзо се одвои на двоцифрена разлика (26:12). На почетокот на втората четвртина, по поените на Ташовски, гостите имаа и максимални +15 (30:15).

Сепак, Златибор возврати и до крајот на првото полувреме ја намали негативата, па на пауза ТФТ имаше минимална предност од 38:36.

Во продолжението се водеше израмнета борба. Домашните дури и поведоа со 43:39, но избраниците на Боро Смилковски не дозволија резултатски пад. Со цврста игра и добра ротација, ТФТ остана во игра и во завршницата влезе со активен резултат (59:57 за Златибор по третата четвртина).

Одлучувачките моменти дојдоа во последниот период, кога ТФТ повторно го крена нивото на игра и направи клучна серија за водство од 73:67. Златибор се доближи на само еден посед (80:77), но во финишот Говенс, Стојаноски и Зафиров ја запечатија победата и донесоа недостижна предност за конечни 90:80.



Најефикасен кај ТФТ беше Говенс со 23 поени, на кои додаде осум асистенции и седум скока. Одлична поддршка имаше од Зафиров (14 поени, шест скока), Ташовски (13) и Дејвис (12). Посебно се истакна и младиот Стојанов, кој одигра фантастичен меч со максимален учинок од игра (2/2 за три, 3/3 за два), плус слободно фрлање, три асистенции и еден скок.

Во полуфиналето, ТФТ ќе се соочи со екипата на Сутјеска од Никшиќ. Серијата се игра на две добиени, со првиот натпревар закажан за 8 април во Никшиќ, реваншот на 15 април, а евентуалната мајсторка на 22 април – повторно на теренот на црногорскиот тим.



Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Спирко Златков нов тренер на Осогово, второлигашот од Кочани и со нов тренер на голмани

Второлигашот Осогово го назначи Спирко Златков за нов шеф на стручниот штаб, кој доаѓа на местото на Крсте Крстев, кој по седум кола...

ИнтернационалциФудбал

ФОТО: Брера го одработи последниот тренинг, позитивна атмосфера пред реваншот со Санта Колома – младите струмичани атакуваат на нова победа во ЛШ!

Младинскиот тим на Брера Струмица е подготвен за нов европски предизвик! Струмичани денеска го одработија последниот тренинг на стадионот „Истатов“ пред утрешниот реванш...

Поврзани написи
Кошарка

Струмица со неверојатен финиш го сруши Пелистер и ја запиша првата победа во Суперлигата!

Кошаркарите на Струмица 2001 ја остварија првата победа во новата сезона на...

Кошарка

МЗТ и Работнички продолжуваат победнички, Куманово го запиша првиот триумф во Суперлигата откако славеше над Штип

Второто коло од новата сезона во МТЕЛ Суперлигата донесе нови возбудувања, пресврти...

Кошарка

ТФТ го скрши отпорот на Скопје за прва победа во сезоната, Цветковски и Сила блескаа!

ТФТ ја запиша првата победа во новата сезона од МТЕЛ Суперлигата, откако...

Кошарка

Тиквеш убедлив против дебитантот Штип, МЗТ Скопје пак го доби Куманово, победи за Работнички, Кожув и Пелистер

Пет натпревари, пет различни приказни, но заеднички епилог – МЗТ Скопје Аеродром,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!