Ракомет

ОФИЦИЈАЛНО: Доминик Мате е ново големо засилување на ГРК Охрид!

Сподели
Сподели

ГРК Охрид продолжува со сериозно засилување на ростерот за наредната сезона, откако официјално го претстави унгарскиот репрезентативец Доминик Мате како второ ново име во тимот.

Станува збор за ракометар кој важи за едно од најзвучните засилувања во поновата историја на клубот. Мате денес го прославува својот 27-ми роденден, игра на позицијата десен бек, висок е 202 сантиметри и тежок 108 килограми, а во Охрид ќе го носи дресот со број 23.

Унгарецот пристигнува од норвешкиот шампион Елверум, клуб кој бележи значајни резултати и на европската сцена. Во својата кариера настапувал и за европските гиганти ПСЖ и Киелце, како и за унгарскиот Балатон, што доволно говори за неговиот квалитет и искуство.

Мате е стандарден член и еден од носителите на играта во унгарската репрезентација, со настапи на најголемите светски и европски натпреварувања.

Со неговото доаѓање, Охрид испраќа јасна порака дека амбициите за следната сезона се високи, како на домашната сцена, така и во европските натпреварувања.

“Мило ми е што ќе го облечам дресот на ГРК Охрид. Од првиот разговор бев импресиониран од проектот и плановите за идниот период. Едвај чекам да ги запознаам фановите, се надевам дека ќе играм клучна улога во остварувањето на нашите цели, освојување на титула во лигата и што поголеми успеси во интернационалните натпреварувања.” – изјави Мате.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Вардар е во најдобра форма во Првата лига, Шкендија не блеска во последните пет кола!

Трката за врвот во Првата лига се „разгорува“ иако Шкендија е на врвот, има само плус три бода од Струга Трим Лум и...

ФудбалЧетврта лига

Даниел Николов го израдува Лозар, Вардар Бистренци триумфираше над Младост од Корешница

Стартуваше новата сезона во Општинската фудбалска лига во Неготино, со два натпревари, а првата рунда ќе се комплетира во среда со мечот меѓу...

Поврзани написи
Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6....

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја...

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!