Останато

Најголемиот таеквондо спектакл во Македонија: Светски ѕвезди доаѓаат во Скопје

Сподели
Сподели

Најголемиот спортски таеквондо спектакл во Македонија ќе се одржи на 4 и 6 април во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Најдобрите светски таеквондисти ќе настапат пред македонската публика, носејќи врвен квалитет и атрактивни борби, демонстрирајќи што значи да се биде на врвот на овој спорт.

Турнирот е во организација на Таеквондо клубот Бутел, Македонската таеквондо федерација и Рамус, и станува за силен турнир во олимписка класа Г1 кој носи значајни бодови за пласман на Олимписките игри, а е дел од официјалниот календар на Светската таеквондо федерација.

Домашната публика ќе има можност да го проследи во живо нашиот најдобар таеквондист, Дејан Горгиевски, кој ќе биде еден од главните адути на Македонија на овој престижен турнир. Покрај него, ќе настапат и други македонски натпреварувачи, каде што се очекуваат сериозни кандидати за медали.

Организацијата на овој настан потврдува дека македонското таеквондо не само што долго време е лидер на меѓународната сцена, туку го потврдува својот примат и во квалитетот на организацијата.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Вардар е во најдобра форма во Првата лига, Шкендија не блеска во последните пет кола!

Трката за врвот во Првата лига се „разгорува“ иако Шкендија е на врвот, има само плус три бода од Струга Трим Лум и...

ФудбалЧетврта лига

Даниел Николов го израдува Лозар, Вардар Бистренци триумфираше над Младост од Корешница

Стартуваше новата сезона во Општинската фудбалска лига во Неготино, со два натпревари, а првата рунда ќе се комплетира во среда со мечот меѓу...

Поврзани написи
Останато

Марко Топузовски со бронза од Светските игри во кинеско борење во Италија

Македонскиот борач Марко Топузовски освои бронзен медал на Светските игри во кинеско...

Останато

Сара Митевска го освои турнирот Ј100 Аридеа во Грција

Македонската тенисерка Сара Митевска (16 години) оствари одличен успех, освојувајќи го меѓународниот...

Останато

ФОТО: Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија, откако славеше убедливо над Вардар ЕМ

Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија откако славеше...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!