Македонската фудбалска репрезентација утревечер ќе гостува во Даблин, каде ќе се сретне со Република Ирска во натпревар меѓу двете селекции кои беа елиминирани во полуфиналето од плејофот за пласман на Светското првенство 2026. По тешкиот пораз од Данска (4:0), следува нов предизвик во кој тимот ќе треба да покаже реакција и подобро издание.
Голманот Столе Димитриевски потенцира дека одбраната мора да функционира беспрекорно, а како еден од клучните фактори го издвојува и освојувањето на таканаречените „втори топки“, кои често знаат да го одлучат текот на натпреварот.
„Јас сум професионалец, секогаш доаѓам да победувам, особено кога играм во дресот на Македонија. Имаме два убедливи порази во последните два натпревари, ги анализиравме грешките и јасно е дека мора да покажеме дисциплина во дефанзивата и да ги освоиме тие втори топки. Доколку бидеме подобри во тој сегмент, ќе имаме повеќе напади од противникот, а ривалите нема да имаат толку удари кон нашиот гол. Работиме, разговараме, анализираме и мора да се подобриме“, изјави Столе Димитриевски.
Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.
Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...
Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...
Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство...
Македонија веќе ја заврши првата задача во квалификациите со победата од 41:23...
Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе...
Македонската ракометна репрезентација доби ново име во своите редови, а Дмитро Хориха...