Ракомет

Прилеп со сигурна победа во Струга – за прво место во плеј-аутот

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Ракометарите на Прилеп стигнаа до важен триумф на гостински терен, совладувајќи ја Струга со 31-25 во рамки на 3. коло од плеј-аут фазата во Суперлигата.

Со оваа победа, прилепчани се зацврстија на врвот на табелата со 26 бодови, додека Струга останува во долниот дел со седум бодови и ќе мора да води тешка битка за опстанок во преостанатите седум кола.

Гостите од Прилеп уште во првото полувреме го најавија триумфот, кога стекнаа предност од 17-12, искористувајќи ја добрата организација и ефикасниот напад. Во вториот дел рутински ја одржуваа предноста и не дозволија сериозна закана за кам-бек од домашниот тим.

Најефикасен во победничкиот состав беше Димитар Димитриоски со осум погодоци, а значаен придонес дадоа и Шипинкоски, Шабановиќ и Квастек со по пет голови. Кај Струга, Наум Костов се истакна со девет реализации.

Во следното коло, Струга ќе гостува кај Еурофарм Пелистер 2, додека Прилеп ќе се соочи со РК Пролет 62 во Скопје.



Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто коло на Втората македонска фудбалска лига. Ивана Пројковска ќе им суди...

Ракомет

Вардар го скрши отпорот на Нексе и сега го чека директна битка за финале на турнирот во Охрид

Ракометарите на Вардар 1961 стигнаа до втората победа на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид, откако македонскиот шампион го совлада Нексе со 33-27....

Поврзани написи
Ракомет

Вардар го скрши отпорот на Нексе и сега го чека директна битка за финале на турнирот во Охрид

Ракометарите на Вардар 1961 стигнаа до втората победа на меморијалниот турнир „Крсте...

Ракомет

Прилеп го совлада Мулти Есенс на „Миле Нешкоски“

Ракометарите на Прилеп продолжуваат во победнички ритам откако на Меморијалниот турнир „Миле...

Ракомет

Војводина со триумф над „фараоните“, Тримо Требње со тесен триумф над Олимпијакос

Нов ден со интересни пресметки на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, на кој...

Ракомет

ВИДЕО: Тиквеш со пресврт до триумф на стартот на „Миле Нешкоски“

Меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп започна во драматичен стил, со...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!