На престижниот меѓународен турнир во борење во слободен стил за мажи „Дан Колов и Никола Петров“, кој се одржа во Пловдив, македонскиот борач Владимир Егоров го освои златниот медал.
Егоров доминираше во категоријата до 61 килограм и сосема заслужено се искачи на највисокото место на пиедесталот, демонстрирајќи врвна техника, борбеност и самодоверба во секој свој настап. Тој е стипендист на Македонски олимписки комитет, што претставува потврда за неговиот континуиран напредок и врвни спортски достигнувања.
На патот до златниот медал, Егоров беше убедлив во сите борби. Во првото коло со 11:0 го совлада противникот од Бугарија, потоа славеше против Камил Керимов од Украина, а во финалето со сигурни 4:0 го победи Никита Абрамов, исто така од Украина.
Егоров доби уште една награда на овој турнир беше избран за најдобар странски борач.
Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.
МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...
По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...
Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...
Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...
Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...
Македонска Каменица на 22 ноември ќе биде центар на младинскиот шах во...