Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Реми без погодоци на Охрид и Локомотива Загреб – „рибарите“ можеа и до победа!

Сподели
Сподели

Во рамки на 3. коло на ЕРС (eFootball Pro Champions) Охрид се соочи со екипата на Локомотива Загреб, во меч кој понуди многу шанси и можности за погодоци, но конечниот исход беше реми без погодоци (0:0) и делба на бодовите.

„Рибарите“ одиграа уште еден квалитетен натпревар и по три кола остануваат непоразени со две ремија и една победа имаат пет бодови на своето конто.

Охрид оваа сезона во ЕРС (eFootball Pro Champions) е застапуван од Иван Иванов – државен шампион во eFootball во Македонија, играч кој потекнува од Радовиш, како и Марко Дринаковиќ, Вук Алексиќ и Милорад Зовичевиќ, а лигата се игра во популарниот 3 на 3 мод.

Во следното коло екипата на Охрид ќе оди по својата втора сезонска победа против тимот на Ксилофагу еспортс од Кипар.

Во рамки на првото коло Охрид одигра 0:0 со Будуќност од Црна Гора, а во второто коло со 2:0 славеше над Тиквеш во македонското дерби.

Натпреварите може да се следат во живот на Arena eSport ТВ каналот, како и на нивниот официјален YouTube канал, а Спортска Мрежа е медиумски покровител на тимот на Охрид.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!