Останато

Дарија Крстевска постави нов младински национален рекорд во полумаратон

Сподели
ФОТО: Атлетска федерација на Македонија
Сподели

Македонската атлетичарка Дарија Крстевска, членка на АК Олимп, постави нов национален рекорд за младинки до 20 години во полумаратон, откако на своето деби на оваа дистанца оствари резултат од 1:25:42.

Крстевска го подобри досегашниот младински национален рекорд за 6 минути и 44 секунди. Претходниот рекорд изнесуваше 1:32:26 и беше во сопственост на Даниела Кулевска, поставен на 15 март 1998 година во Скопје.

Со тоа, Дарија собори рекорд стар повеќе од 28 години, и тоа уште при својот прв настап на полумаратонската дистанца.

Покрај националниот рекорд, Крстевска го освои и шестото место во генералниот пласман, а беше најдобропласирана македонска натпреварувачка во женска конкуренција.

Резултатот од 1:25:42 претставува уште еден значаен чекор во развојот на младата атлетичарка на АК Олимп, која досега настапуваше претежно на пократките средни и долги патеки.

Сподели

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Елмас влезе кога Аталанта веќе губеше со 0:3: Парма го реши мечот пред неговото влегување

Елиф Елмас доби шанса во последните триесетина минути, но Аталанта веќе беше во тешка позиција. Македонскиот репрезентативец влезе во 62. минута на местото...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Седлоски го објави списокот на фудбалери за дуелите со Шкотска и Словенија

Македонската фудбалска репрезентација ќе ги одигра последните два натпревари од групната фаза во УЕФА Лигата на нации против Шкотска и Словенија, а селекторот...

Поврзани написи
Останато

Штип УГД директно во главната рунда, на 9 декември ја пречекува Пјаченца

Македонскиот шампион Штип УГД, по завршувањето на своето премиерно учество во Лигата...

Останато

Младост го сопре Работнички, Наковски без загубен сет: Два тајбрека го одбележаа третото коло

Младост УГД ја забележа најтесната домашна победа во третото коло од женската...

Останато

Ристовски му честиташе на Христијан Бузалковски за европската вицешампионска титула

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со македонскиот мотоциклист Христијан...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!