Втора лигаФудбал

Охрид го посакува резултатот од 2008 година против Брегалница!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа AI
Сподели

Вечерва од 18 часот се игра големото дерби на 22. коло на Втора лига меѓу Брегалница и Охрид под рефлектори – прв меч од пролетниот дел кој се игра во вечерен термин во второлигашкиот шампионат.

Дерби од капитално значење и без право на грешка – дуел на два конкуренти за Прва лига. Ние и претходно анализиравме потенцирајќи дека Охрид чека 17 години на триумф над „сините“, вечерва иако ќе биде „жешко“ во Штип, „рибарите“ ќе одат да го освојат Исарот и да се вратат со три бодови дома.

Последен пат Охрид славеше над Брегалница 20 септември 2008 година пред точно 17 години, шест месеци и осум дена, кога во Штип славеше со 0:2 над „сините“.

Ваквиот долг пост без триумф во меѓусебните дуели е желба да се прекини токму вечерва, токму сега кога најмногу треба за да се сочува врвот во Втора лига.



„Рибарите“ се подготвени за дербито на Градскиот стадион во Штип, во тимот владее позитивна атмосфера и мислите на фудбалерите и стручниот штаб се насочени само кон позитивен резултат односно да се освојат трите бодови.

Амбиентот за фудбалска игра ќе биде одличен, а со овој меч ќе се комплетира 22. коло, кое се отвара со седум мечеви кои стартуваат во 14:30 часот.



Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!