Прва лига

Големо засилување за амбициозниот Охрид – унгарскиот ас Мате пристигнува во „Билјанини извори“

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа AI
Сподели

Ракометниот клуб Охрид продолжува да гради сериозен проект со високи амбиции, а најновата потврда за тоа е договорот со унгарскиот репрезентативец Доминик Мате, кој од следната сезона ќе го носи дресот на македонскиот суперлигаш, дознава Спортска Мрежа.

Станува збор за десен бек висок 201 сантиметар, играч со богато меѓународно искуство, кој настапувал за екипи како Елверум и Пари Сен Жермен, а зад себе има и настапи во Лигата на шампионите и европските натпреварувања. Мате важи за еден од најквалитетните левораки бекови од својата генерација, а во кариерата има постигнато значителен број голови на европската сцена.

Иако неговиот развој беше накратко запрен поради сериозни повреди на коленото, унгарскиот интернационалец успеа да се врати во форма и повторно да игра на високо ниво, што го прави капитално засилување за тимот од Охрид.

Клубот од „Билјанини извори“ веќе направи силен исчекор со ангажманот на тренерот Борис Ројевиќ и доведувањето на неколку звучни имиња, а со доаѓањето на Мате јасно е дека амбициите не застануваат тука.

Охрид оваа сезона паралелно води битка на три фронта – во домашната Супер лига, Купот, како и на европска сцена во ЕХФ Европскиот куп, каде што е меѓу конкурентите за висок пласман.



Сепак, раководството размислува и долгорочно, па со вакви потези веќе го гради тимот за следната сезона, со цел да биде уште поконкурентен во борбата за шампионската титула и да направи дополнителен исчекор и во Европа.

Со ангажманот на Мате, Охрид испраќа јасна порака – клубот има сериозни намери да се вклучи во битката со најсилните и да стане нова сила на македонската и регионалната ракометна сцена.



Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Прва лигаФудбал

Тиквеш игра за Божидар: Приходот од билетите со Пелистер оди за лекување

Натпреварот меѓу ГФК Тиквеш и Пелистер кој ќе се одигра во рамки...

Прва лигаФудбал

ВИДЕО: Каков зицер одбрани голманот Дејан Силјановски против Башкими!

Натпреварот меѓу Арсими и Башкими од 31. коло на Првата лига заврши...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!