МагазинРакомет

На полувреме со…Давид Савревски- едно од најпрецизните оружја на Охридската ракометна Тврдина

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Македонскиот репрезентативец- Давид Савревски е дел од амбициозниот проект на ГРК Охрид, каде и покрај младоста, остава сериозен впечаток со своите блескави настапи.

Десниот бек, висок 195 сантиметри и на само 23 години, во Охрид пристигна по три сезони минати во РК Алкалоид, со настапи и на европска сцена, додека претходно беше дел и од РК Вардар 1961.

Савревски стави потпис со „гладијаторите“ на најмалку две години, а со своите партии веќе најавува дека ќе биде значаен адут во тимот предводен од стратегот Борис Ројевиќ.

Во пресрет на важниот натпревар против Олимпијакос во недела, во нашиот фокус денес е еден од најинтересните млади ракометари во редовите на ГРК Охрид.

ФОТО: ГРК Охрид

Освен за формата и очекувањата од дуелот, Савревски овојпат открива и поинаква страна од себе – низ забавно интервју ни раскажува за атмосферата во тимот, животот во Охрид и интересни детали од секојдневието, далеку од теренот.

  • Како ти се допаѓа животот во Охрид досега? Колку брзо се вклопи во новата средина?

Прекрасно е. Не ми требаше многу време да се прилагодам. 😊

  • Што најмногу ти се допадна тука – Езерото, мирот или атмосферата во градот? 🌊

Езерото. 😌

  • Како ти поминува слободното време?

Кафе, сони, спиење.

  • Со кого најчесто се дружиш од тимот? 👬

Сите се дружиме.

ФОТО: ГРК Охрид
  • Зошто баш ракомет? Ако не беше ракометар – што ќе беше?

Искрено.. не знам. 🤔

  • Кој најмногу те насочи кон ракометот? 🤾‍♂️

Па, започнав со другарите во основно и така продолжив.

  • Кога сфати дека ова ќе биде твојот пат? 🏅

Со текот на времето сфатив дека тоа ќе биде моја професија.

  • Кој ти е идол во ракометот?

Па..немам идол.

  • Твоите соиграчи од ГРК Охрид ми кажаа дека си најгласен во соблекувална пред натпревар – ќе го потврдиш ли тоа? 😂

Можеби. 🤣

  • Со кого најчесто си цимер на гостувања?

Со Бојан Блажески 🧤

  • До кого седиш во автобус? 🚎😄

Обично седам сам.

  • Имаш ли ритуал пред натпревар? 🍀

Не, ништо посебно- сабајле кафе, ручек и одмор. ☕🥘😌

  • Кој од соиграчите најдобро те разбира на терен?

Љапис 🇬🇷😄👍

  • Кој има најсилен шут , после тебе? 🎯😄

Петриќ или Борозан 🔥

ФОТО: ГРК Охрид
  • Кој ти е најсличен по карактер од тимот на Охрид?

Бојан Блажески 😄

  • Што најмногу сакаш да јадеш после меч? 😄

Тост 😊

  • Кој во тимот е најгладен веднаш по меч? 😄🍔

Реј 🇪🇸😄

  • Дали имате некој „тимски ритуал“ за прослава или опуштање после важна победа? 💪🏆

Не.

  • Како изгледа денот пред важен меч – одмор или концентрација на мечот?

Па.. и одмор, но и концентрација 🎯

  • Кој ти е омилен дел од тренингот?

Топка пластика 😄

  • А кој дел баш и не го сакаш, ама мора да се одработи? 😂

Трчањето 🏃‍♂️🙄

  • Повеќе адреналин од натпревар или мирен ден без обврски? 🔥

Повеќе адреналин од натпревар 💪

  • Кафе покрај Езеро или прошетка покрај Езеро? ☕🚶‍♂️

Кафе покрај езеро 😊

  • Кој најмногу те смее во тимот? 😄

Реј 🤣

  • Гол за победа или асистенција за победа? 🤾‍♂️

Гол за победа 🏆✌

ФОТО: ГРК ОХРИД
  • Натпревар со многу голови или „машка“ одбрана?

Машка одбрана 🔥

  • Полнa сала ,, Билјанини Извори’’ на дерби или гостинска победа во пеколна атмосфера? 🧱

Полна сала Билјанини Извори дерби 🔵⚪

  • Да бидеш херој на мечот или „тивок“ MVP? 🏅

Тивок МВП

  • Од голманите во Охрид– на кого најмногу сакаш да шутираш на тренинг- Пилиповиќ, Ѓорѓески или Блажески? 🥅🧤

Пилиповиќ 😄

  • Кој од нив најмногу ти ги ,,чита’’ ударите на тренинг? 👀

Бојан Блажески 🥅😄

  • Дали ова ќе ти биде најдобрата сезона досега? 🔥

Да!💪

  • Дали имаш најдраг натпревар за репрезентација, кој ќе го паметиш секогаш? 🇲🇰

Сега засега не.

ФОТО: РФМ
  • Со кој од репрезентативците си најблизок и приватно?

Со Марко Стојковиќ.

  • Кој е најгласен пред натпревар таму – имаш ли конкуренција за таа титула? 😂😊

Има, има 🤣

  • Со кој од нив најдобро се разбираш на терен?

Па..сите добро се разбираме..доста сме играле заедно.

  • Што очекуваш од првиот меч со Олимпијакос? 🇲🇰🤾‍♂️🇬🇷

Победа 💪

  • Што ќе пресуди во овој двомеч- одбраната, нападот или навивачите како ,,осми играч’’? 📣💪

Одбраната 🧱

  • Повеќе ќе значи домашниот или гостинскиот натпревар?

Домашниот, дефинитивно.

  • Кој ќе го постигне првиот гол за Охрид на реваншот? 🤾‍♂️

Гоце Ојлески 🎯

  • Колку гола „си зацрта“ на двомечот? 😊💪

Паа, што знам..можеби 7?! 🤣

  • Порака до навивачите? 🔥⚪🔵

Дојдете во сала и поддржете нè на патот кон полуфиналето! 💪🔥🍀

Со насмевка, самодоверба и јасна цел – Давид Савревски најавува дека ГРК Охрид нема да застане тука. Гласен во соблекувална, прецизен на терен – Савревски најавува борба без калкулации.

Против Олимпијакос, вели, целта е јасна – чекор поблиску до полуфинале за Охрид. Предизвикот против Олимпијакос е следниот тест, а охридската публика ќе биде нивниот најсилен ветер во грб на реваншот следниот викенд.

ФОТО: ГРК Охрид

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Два меча за четири дена, едно место за понатаму: Подмладена Македонија тргнува по првото место

Виктор Петровски ќе го почне мандатот на клупата на женската кошаркарска репрезентација со два натпревари за четири дена. Македонија в среда, на 11...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Младите македонски фудбалери пристигнаа во Турција – во Трабзон започнува битката за пласман на Европското првенство!

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години пристигна во Турција, каде што од 11 до 17 ноември ќе настапи на квалификацискиот турнир...

Поврзани написи
Ракомет

Астибо до голема победа над Струга на крилата на Анастасија Богоевска, Ева Манева и Ана Марија Накова

Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако...

Ракомет

(ВИДЕО) Седум од седум! Пионерите на Младост го освоија Скопје, падна и Алкалоид – богданчани незапирливи!

Пионерите на Младост од Богданци продолжуваат со импресивните настапи во новата сезона....

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!