Втора лигаФудбал

Бењамин Ќерими го доби вечерното дерби во Штип, Грујоски ќе им суди на Шкендија Арачиново и Беласица

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија ги одреди судиите кои ќе ја делат правдата на мечевите од 22. коло на Втора лига.

Дербито на колото ќе се игра во Штип под рефлектори каде силите ќе ги одмерат Брегалница и Охрид, а правдата ќе ја дели Бењамин Ќерими. Негови помошници ќе бидат Мартин Петковски и Тоше Ицев, а четврт судија ќе биде Марјан Дејаноски.

Делегат на овој меч кој стартува во 18:30 часот ќе биде Емин Кранли, а Горан Спиркоски ќе биде контролор.

Останатите седум мечеви ќе стартуваат во дневен термин од 14:30 часот.

Дејан Младеновски ќе им суди на Тетекс и Каменица Саса, а негови асистенти ќе бидат Горан Милошевски и Иван Ивановиќ, а четврт судија ќе биде Нинослав Нанков.

Славе Ѓоргоски е делегат на мечот во Тетово, а контролор Жарко Тодоровски.

Новаци на домашен терен ќе игра со Преспа, а правда ќе дели Димитар Левски со Стефан Петрушевски и Николче Николовски како помошници, а Благојче Ралевски ќе биде четврт судија.

Ангел Ташев ќе биде делегат, а контролор е Зоранчо Илиевски.



Вардар Неготино на домашен терен ќе го пречека фаворитот Скопје, а правда ќе дели Боби Величков, со Александар Ајдаров и Андреј Ќамилов, а Ангелчо Ристов е четврт судија.

Харун Исмаили ќе биде делегат, а контролор на средбата ќе биде Зоранчо Темелков.

Кожуф на домашен терен ќе се соочи со Големо Коњари, а Спире Арсов ќе биде задолжен за правдата заедно со Кирил Манечв и Славе Станисавовски, Дарко Стојанов е четврти.

Делегат ќе биде Трајче Шопов, контролор Раско Мишкоски.



Детонит Плачковица ќе гостува во Прилеп кај Победа, а Дарко Котевски ќе биде задолжен да ја дели правдата на овој меч. Негови помошници ќе бидат Дарко Василевски и Ангела Домазетовска, а четврт судија е Владимир Ѓорѓиевски.

Делегат на мечот е Драган Иванов, а контролор ќе биде Петар Мантев.

Во Кочани ќе се соочат Осогово и Слога Виница, во минатото дерби, а денес меч каде „жетварите“ се големи фаворити. Ненад Тодоровски ќе биде на центарот во Кочани, а асистенти ќе бидат Стефан Стојаноски и Александар Николоски, а пак Борче Павловиќ ќе биде четврти.

Алберт Јакупи ќе биде делегат, а контролор ќе биде Марјан Кировски.

Дербито меѓу Шкендија Арачиново и Беласица ќе го суди Александар Грујоски, а ќе му помагаат Зоран Јанкуловски, Давор Цветаноски и Бенарт Зеќири.

Зоран Христовски на овој ќе биде делегат, а контролор ќе биде Бранко Величковски.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Втор евро-пораз за МЗТ Скопје, Тарту го освои Аеродром со тројка во самиот финиш!

МЗТ Скопје Аеродром го претрпе и вториот пораз во првата фаза од ФИБА Еврокупот. Македонскиот шампион пред домашната публика во СЦ „Јане Сандански“...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Билјана Панеска е лидер на листата на стрелци во Првата женска лига, Галабовска и Максути веднаш зад неа!

По осум одиграни кола во Првата женска фудбалска лига, пресек на листата на најдобри стрелци. Билјана Панеска од екипата на Тиверија Брера е...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Осмото коло на Втора лига ќе се игра во два дена со два мечеви под рефлектори

Осмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се игра во два...

КупФудбал

КУП: Работнички е последниот патник во осминафиналето, откако го декласираше Вардар Неготино со ОСУМ гола

Второлигашот Работнички е последниот патник во осминафиналето од Купот на Македонија откако...

Втора лигаФудбал

Љабинот Муслиу е нов тренер на второлигашот Камјани

Второлигашот Камјани го назначи новиот шеф на стручниот штаб, кој ќе го...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!