РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У17 поразена од Германија на стартот од елитните квалификации за ЕП

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Младата репрезентација на Македонија до 17 години беше поразена од Германија со 2:1 на стартот од главната рунда во елитните квалификации за пласман на Европското првенство.

Германската селекција одлично го отвори натпреварот и уште во третата минута дојде до водство преку Мирза. Домаќините продолжија со офанзивната игра, а во 25. минута Веит ја зголеми предноста на 2:0, резултат со кој се замина и на полувреме.

Во вториот дел, македонските фудбалери заиграа поагресивно и успеаја да намалат во 63. минута, кога Џангаровски се запиша во листата на стрелците за 2:1. До крајот на натпреварот, нашата селекција се обиде да стигне до израмнување, но Германија успеа да ја зачува предноста и да ги освои трите бода.

И покрај поразот, Македонија покажа борбеност и остава простор за оптимизам во продолжението од квалификациите.

Утре го играат вториот натпревар со селекцијата на Франција со почеток од 16 часот каде ќе се обидат да издвојуваат победа на овие квалификации, и на 31 ќе го играат последниот натпревар против селекцијата на Словенија со почеток од 16 и 30 часот.

Само првопласираната селекција ќе се пласира на ЕП за играчи до 17 години.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!