Во Скопје вчера во попладневните часови свечено беше отворено Европското сениорско првенство во кикбокс. Натпреварите се одржуваат во спортскиот центар „Јане Сандански“, а на големиот спортски настан учествуваат 1.025 натпреварувачи од 41 земја, со вкупно 1.191 натпреварувачки настап.

Претседателот на Кикбокс маитаи федерацијата на Македонија, Дејан Митровски – Урко, го изрази своето задоволство и чест што нашата земја е домаќин на еден ваков значаен меѓународен спортски настан. Тој им посака добредојде на сите учесници и истакна дека македонските репрезентативци се подготвени за предизвиците и борбите, изразувајќи очекување за позитивни резултати.

Претседателот на ВАКО, Рој Бејкер, во своето обраќање нагласи дека резултатите се важен дел од спортот, но дека здравјето на спортистите, спортскиот дух и ферплејот секогаш мора да бидат на прво место.
Македонската репрезентација на Европското првенство ќе настапи со вкупно 33 натпреварувачи:
Стефан Михајловски, Климент Грозданоски, Силвио Мировски, Максим Митровски, Нелсон Узеир, Петре Велков, Лука Ќипровски, Халдун Ахмед, Анастас Ангелески, Митко Ашкилов, Леа Бошевска, Дарко Димитриев, Марија Димовска, Наум Додевски, Никола Ѓорѓиевски, Анастасија Јанческа, Полат Камберов, Иван Кукуновски, Стефан Мојсоски, Милан Нешевски, Дарко Нумановиќ, Марко Ристоски, Кристина Спиркоска, Аннабелла Стоцоваз, Филип Талевски, Крсте Трајковски, Андреј Ваневски, Викторија Варадинова, Мирко Василев, Радослав Велески, Васил Валмарски, Теа Велковска и Филип Велинов.
Македонската репрезентација ќе ја предводи претседателот и селектор на федерацијата, Дејан Митровски – Урко, заедно со тренерот Драган Атанасовски и помошните тренери Александар Димовски, Жарко Михајловски, Шенол Асанов, Жарко Ангеловски и Зоран Спасов.
Македонските кикбоксери ќе имаат можност пред домашната публика да ги покажат своите квалитети и да се борат за што подобар пласман на континенталниот собир.