Прва лигаФудбал

ФОТО: Асистент судијата Борис Трајков од ОФС Прилеп на престижната UEFA CORE 63 програма

Сподели
Сподели

Младиот Борис Трајков, асистент судија од Општинскиот фудбалски судија Прилеп, ја претставуваше Македонија на престижната UEFA CORE 63 програма во Нион, Швајцарија, заедно со судијата Бењамин Ќерими, за што веќе објави Спортска Мрежа, а каде се собираат најталентираните млади и перспективни судии од цела Европа.

UEFA CORE програмата претставува своеобразна академија за развој на судии, каде учесниците добиваат можност да работат со врвни UEFA инструктори, да го усовршат своето знаење и разбирање на судиската професија, како и да се запознаат со највисоките стандарди на судење на европско ниво.

Покрај теоретските предавања, значителен акцент беше ставен на физичката подготовка преку интензивни тренинзи и тестирања, со цел судиите да бидат подготвени за највисоките натпреварувачки предизвици.

Во рамки на програмата, на Борис Трајков му беше доделен и ментор – елитен UEFA инструктор кој ќе го следи неговиот развој, ќе ги анализира неговите натпревари и ќе помага во подобрување на перформансите, со цел достигнување на врвно ниво во судењето.

ОФС Прилеп, заедно со Борис Трајков, изразуваат благодарност до претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, како и до Јосип Бартон, претседател на Комисијата за делегирање судии при ФФМ, за укажаната доверба и поддршка и до претседателот на ОФС Прилеп, Марјан Стојковски.

Во своето 63. издание, курсот повторно ги собра најталентираните судии, а низ истиот во минатото поминале и денешни елитни арбитри како Франсоа Летексије и Шимон Марчињак.

Инаку од ОФС Прилеп меѓународен судија е Влатко Илиоски, кој моментално е на УЕФА ангажман во Анталија, Турција,  што е големо признание за ОФС Прилеп и македонското судиско образование.

Програмата CORE, активна од 2010 година, досега ја поминале речиси 300 судии и асистенти, при што повеќе од 60 се промовирани на FIFA интернационалните листи, што ја потврдува нејзината важност и кредибилитет на европската судиска сцена.

Учеството на Борис Трајков на UEFA CORE 63 програмата е големо признание и значаен чекор во неговата кариера кон меѓународното судење, како и потврда за вложувањата на Судиската комисија на Македонија во развојот на квалитетот на судењето.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Шкендија повторно сопната, Македонија ЃП убедлива – Вардар добива шанса за клучен исчекор кон титулата

Првата македонска фудбалска лига донесе нови возбудувања и значајни пресврти во трката за титулата и опстанокот. Двата натпревари од колото ја продлабочија драмата...

Втора лигаФудбал

Коло кое решава голема судбина: Струмица и Автокоманда како пресвртници, Шкендија Арачиново со сценарио за врвот

Втората македонска фудбалска лига влегува во делот од сезоната каде повеќе нема простор за поправки. Секој бод добива тежина на финале, секоја грешка...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Шкендија повторно сопната, Македонија ЃП убедлива – Вардар добива шанса за клучен исчекор кон титулата

Првата македонска фудбалска лига донесе нови возбудувања и значајни пресврти во трката...

Трета лигаФудбал

Брегалница Делчево службено го добива мечот со Тиверија

Натпреварот од 19. коло на Третата македонска фудбалска лига – Исток меѓу...

ФудбалЧетврта лига

Спартмани по прв пролетен триумф против Дрвош, дерби тест за Огражден во Злеово

В недела се играат натпреварите од 10. коло во Општинската фудбалска лига,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!