Ракомет

Андоновски пред дербито: Одиме на победа – Младост заслужува Супер лига!

Сподели
Сподели

Ракометна Автокоманда во сабота ќе „гори“ – дербито на сезоната меѓу Мулти Есенс и непоразениот лидер Младост од Богданци ќе реши многу работи, а едно е сигурно – ќе го добиеме одговорот и кој ќе патува директно во Супер лигата.

Тренерот на непоразениот лидер, искусниот охридски стратег, Горан Андоновски за Спортска Мрежа отворено зборуваше за овој клучен меч на сезоната.

Андоновски вели дека Младост заслужува да биде дел од Супер лигата, дополнува дека во Автокоманда ги очекува меч со беспоштедна борба 60 минути и многу трчање и дуели…

„Младост со своите резултати, концепт, модерен пристап на теренот е вистинско освежување на ракометната мапа на Македонија. Заслужуваме Супер лига, но и покрај тоа што сме непоразени се’ уште не сме ја постигнале целта. Се подготвуваме за натпреварот со Мулти Есенс, тим составено од речиси најдоброто од младинската и кадетската категорија засилени со неколку поискусни ракометари како Костадин Петров и Џигероски, знаеме дека нè очекува беспоштедна борба 60 минути и многу трчање, дуели…“, рече Горан Андоновски за Спортска Мрежа.

Искусниот ракометен стратег дополнува дека во Автокоманда одат по победа, а местото на Младост му е во Супер лигата.

„Одиме на победа како на секој натпревар, нашиот прв меч беше вистински суперлигаш и покажа дека и двете екипи заслужуваат Супер лига. Богданци и околината го препознаваа нашиот мотив, залагање, работа, ангажираност, да го вратиме Младост во Супер лига каде припаѓа и се надевам дека сите заедно ќе ја потврдиме посакуваната цел“, заклучи Андоновски во разговор за Спортска Мрежа.

Дербито во сабота меѓу Мулти Есенс и Младост се игра со почеток од 15 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Никола Кочовиќ е нов кошаркар на КК Пелистер

Кошаркарскиот клуб Пелистер продолжува со засилувањата за новите предизвици во сезоната. Нов член на битолскиот тим е српскиот интернационалец Никола Кочовиќ, искусен бек...

Кошарка

Јован Кузмановски е нов претседател на КК Пелистер!

Јован Кузмановски е избран за нов претседател на Кошаркарскиот клуб Пелистер од Битола, соопштија официјално од клубот. Кузмановски доаѓа на местото на Бојан...

Поврзани написи
Ракомет

Бојаниќ: Во Куманово не одиме да се предадеме, туку да се бориме и да го дадеме максимумот!

Екипата на Младост во рамките на седмата рунда на Суперлигата ќе гостува...

Ракомет

Лукиќ: Младост знае да се носи со притисокот, очекувам борба до последна секунда во Куманово

Натпреварот со Еурофарм Пелистер 2 е минато, Младост се фокусира на следниот...

Ракомет

Бутел Скопје го почнува европскиот предизвик на гостински терен кај Горица

Европските обврски продолжуваат за Бутел Скопје, кој го очекува двомеч за пласман...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!