Прва лигаФудбал

(ФОТО) Најперспективниот македонски судија во Нион: Бењами Ќерими дел од UEFA CORE 63 програмата заедно со асистентот судија Борис Трајков

Сподели
Сподели

Програмата продолжува и во наредниот период, а планирано е и ново собирање на учесниците на дополнителен курс во октомври.

Изминатите денови, македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков престојуваа во седиштето на УЕФА во Нион, каде ја претставуваа Фудбалската федерација на Македонија во рамки на престижната UEFA CORE 63 програма, еден од најзначајните проекти на европската куќа на фудбалот за развој на судии.

UEFA CORE 63 програмата претставува своевидна академија за млади и перспективни судии, низ која поминуваат избрани кандидати од цела Европа. Во своето 63. издание, курсот повторно ги собра најталентираните судии, а низ истиот во минатото поминале и денешни елитни арбитри како Франсоа Летексије и Шимон Марчињак.

За време на престојот во Нион, учесниците имаа можност да работат со врвни UEFA инструктори, да го унапредат своето знаење и разбирање на судиската професија, како и да се запознаат со највисоките стандарди на судење на европско ниво. Покрај теоретскиот дел, значителен акцент беше ставен и на физичката подготовка, преку интензивни тренинзи и тестирања.



Во рамки на програмата, на судиите им се доделуваат и ментори – елитни инструктори кои во текот на годината ќе го следат нивниот развој, ќе ги анализираат нивните натпревари и ќе помагаат во подобрување на перформансите, со цел достигнување на врвно ниво во судењето.

Програмата CORE е активна од 2010 година, а досега речиси 300 судии и асистенти поминале низ неа, при што повеќе од 60 веќе се промовирани на FIFA интернационалните листи, што ја потврдува нејзината важност и кредибилитет.

Ќерими упати и голема благодарност до претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, како и до Јосип Бартон, претседател на Комисијата за делегирање судии при ФФМ, за укажаната доверба и поддршка. Ќерими ја истакна благодарноста за поддршката и до претседателот на ОФС Гази Баба, Дарко Костовски.

Учеството на Бењамин Ќерими и Борис Трајков на UEFA CORE 63 програмата претставува големо признание, но и одговорност, како и значаен чекор кон меѓународна судиска кариера. Воедно, ова е уште една потврда за вложувањата на Судиската комисија во Македонија во развојот и подигнувањето на квалитетот на судењето.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Ева Митевска испиша историја во Дакар, осмо место во финалето на 100 метри!

Македонската атлетичарка Ева Митевска забележа значаен успех на Младинските олимписки игри во Дакар, Сенегал, откако обезбеди место во финалето на трката на 100...

Останати репрезентацииРепрезентација

Четири борби, четири победи – Душица Бресалиева го освои златниот медал на Грција Опен Е1 2026

Македонската репрезентативка во таеквондо, Душица Бресалиева од ТК Штип, оствари извонреден успех на меѓународниот турнир „Грција Опен Е1 2026“, освојувајќи го златниот медал...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!