Ракомет

Жоао Габриел Диас Гекас: Само победа нè интересира, против Мулти Есенс ја бараме нашата 18-та победа!

Сподели
Сподели

Непоразениот лидер Младост в сабота ќе гостува во Автокоманда каде ќе ги одигра дербито на сезоната против Мулти Есенс – дерби кое ќе реши кој директно ќе патува во Супер лигата следната сезона.

Младост не знае за пораз, а Мулти Есенс само еднаш загуби, токму од Младост во Богданци со 31:30.

Бразилецот Жоао Габриел Диас Гекас кој го носи дресот на Младост за Спортска Мрежа ексклузивно истакна дека одлично е да се работи со искусен тренер како Горан Андоновски, дополнува дека без разлика на противникот работат напорно, истакнувајќи дека очекува силна поддршка од трибините во Автокоманда.

„Одлично е да се работи со искусен тренер кој беше и одличен спортист. Горан секогаш се обидува да го извлече максимумот од тимот. Работиме напорно секоја недела, без оглед на противникот, и овој натпревар нема да биде поинаков. Одиме во главниот град барајќи ја нашата 18-та победа. Очекуваме секаква можна поддршка надвор од дома. Навивачите се наш осми играч и многу е важно за нас да ја имаме нивната поддршка во еден толку важен натпревар, бидејќи заедно сме посилни“, вели Бразилецот за Спортска Мрежа.

Бразилецот вели дека го анализираат противникот, но ги анализираат и нивните претходните натпревар со цел максимално подготвени да влезат во дербито на сезоната во Автокоманда.

„Да, анализираме, исто како што ги проучуваме нашите противници секоја недела, а ги анализираме и нашите минати настапи и што можеме да поправиме и подобриме индивидуално и колективно. Победата на домашен терен не менува ништо за нас, нашиот фокус е секогаш на следниот триумф. Очекуваме да играме на високо ниво физички, технички и тактички“, ни изјави Диас Гекас.

Мечот меѓу Мулти Есенс и Младост се игра во сабота од 15 часот, тогаш ќе стартува дербито на сезоната и ќе биде даден одговорот – кој директно ќе оди во Супер лигата.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Легендата Благој Митев добива признание од Беласица пред големото струмичко дерби со Брера!

Фудбалскиот клуб Беласица во недела ќе му оддаде посебно признание на Благој Митев, една од најзначајните личности во историјата на струмичкиот клуб и...

Кошарка

Никола Кочовиќ е нов кошаркар на КК Пелистер

Кошаркарскиот клуб Пелистер продолжува со засилувањата за новите предизвици во сезоната. Нов член на битолскиот тим е српскиот интернационалец Никола Кочовиќ, искусен бек...

Поврзани написи
Ракомет

Бојаниќ: Во Куманово не одиме да се предадеме, туку да се бориме и да го дадеме максимумот!

Екипата на Младост во рамките на седмата рунда на Суперлигата ќе гостува...

Ракомет

Лукиќ: Младост знае да се носи со притисокот, очекувам борба до последна секунда во Куманово

Натпреварот со Еурофарм Пелистер 2 е минато, Младост се фокусира на следниот...

Ракомет

Бутел Скопје го почнува европскиот предизвик на гостински терен кај Горица

Европските обврски продолжуваат за Бутел Скопје, кој го очекува двомеч за пласман...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!