Ракомет

Две дербија за финале во Купот: Охрид против Пелистер, Вардар на мегдан со Алкалоид!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Познати се двојките за завршницата од Купот на Македонија, а љубителите на ракометот ги очекуваат вистински дерби – пресметки во борбата за трофејот.

Во полуфиналната рунда, РК Охрид ќе се соочи со РК Еурофарм Пелистер во обид да избори пласман во големото финале. Во второто полуфинале, силите ќе ги одмерат скопските ривали – РК Вардар и Алкалоид.

Ждрепката одреди први на терен да излезат Охрид и Пелистер во петок на 17 април од 17 часот, додека три часа подоцна ќе следи и вториот полуфинален дуел меѓу Вардар и Алкалоид.

Финалната пресметка е закажана за недела, 19 април, со почеток од 19 часот, кога ќе биде познат и новиот освојувач на Купот.

Титулата ја брани РК Вардар, кој минатата година триумфираше во финалето одиграно во Охрид, што дополнително го зголемува влогот и неизвесноста за претстојните натпревари.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Легендата Благој Митев добива признание од Беласица пред големото струмичко дерби со Брера!

Фудбалскиот клуб Беласица во недела ќе му оддаде посебно признание на Благој Митев, една од најзначајните личности во историјата на струмичкиот клуб и...

Кошарка

Никола Кочовиќ е нов кошаркар на КК Пелистер

Кошаркарскиот клуб Пелистер продолжува со засилувањата за новите предизвици во сезоната. Нов член на битолскиот тим е српскиот интернационалец Никола Кочовиќ, искусен бек...

Поврзани написи
Ракомет

Бојаниќ: Во Куманово не одиме да се предадеме, туку да се бориме и да го дадеме максимумот!

Екипата на Младост во рамките на седмата рунда на Суперлигата ќе гостува...

Ракомет

Лукиќ: Младост знае да се носи со притисокот, очекувам борба до последна секунда во Куманово

Натпреварот со Еурофарм Пелистер 2 е минато, Младост се фокусира на следниот...

Ракомет

Бутел Скопје го почнува европскиот предизвик на гостински терен кај Горица

Европските обврски продолжуваат за Бутел Скопје, кој го очекува двомеч за пласман...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!