Ракомет

Адамовиќ: Не знаеме за пораз – во Автокоманда одиме по победа и сигурен влез Супер лига!

Сподели
ФОТО: РК Младост
Сподели

Во сабота ќе се одигра дербито на сезоната во Првата ракометна лига меѓу Мулти Есенс и Младост, кое речиси сигурно и ќе реши која од овие две екипи ќе има директен влез во Супер лигата, а која ќе преку потешкиот пат да го бара влезот во елитата, односно преку баражот.

Младост е непоразен лидер, а Мулти Есенс единствениот пораз го има токму од тимот од Богданци кога загуби во гости со 31:30.

Српскиот интернационалец Лазар Адамовиќ кој го носи дресот на Младост од Богданци, за Спортска Мрежа вели дека рецептот за победничката форма се крие во напорната работа на тренинзите и максималното залагање на натпреварите од сите играчи.

„Токму така, Младост не знае за пораз и сите во клубот даваме максимум за така и да остане – од играчите, тренерот и управата. Тој рецепт е напорна работа на тренинзите и максимално залагање на натпреварите од сите играчи. Како што кажавте, дерби и можеби натпревар кој ќе одлучи кој ќе биде прв на табелата. Мулти Есенс е екипа која добро ја познаваме, составена од младински и кадетски репрезентативци, како и од неколку искусни играчи. Ја анализираме веќе подолго време и од полусезоната се подготвуваме максимално за тој натпревар“, изјави Адамовиќ за Спортска Мрежа.

Србинот кој за Младост доста постигна 96 гола вели дека атмосферата во клубот е одлична, вели дека нормално е да постои притисок, но тој притисок кај нив е позитивен.

„Атмосферата во соблекувалната е позитивна, сите сме подготвени, здрави и максимално концентрирани за најважниот натпревар во сезоната. Нормално е да постои притисок пред ваков дерби натпревар, но кај нас се чувствува позитивен притисок и подготвеност да одиграме натпревар во кој ќе одлучуваат нијанси“, дополни Адамовиќ во изјава за Спортска Мрежа.

Дербито меѓу Мулти Есенс и Младост се игра во сабота во Автокоманда со почеток од 15 часот.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаПрва лигаФудбал

ФФМ поведе постапки против Башкими и Муарем Муарем, изречени суспензии за шестмина фудбалери и тренери

Дисциплинската комисија при ФФМ донесе одлуки за поведување дисциплински постапки против ФК Башкими и две официјални лица, како и за изрекување дисциплински казни...

ФудбалФутсал

Проект вечерва гостува кај СЕЕ Университи, Јувентус Серава домаќин на Форца, дерби на Шкупи и Кеги Моби

Второто коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дуелот меѓу СЕЕ Университи и актуелниот шампион Проект, кој е закажан за 19:00...

Поврзани написи
Ракомет

Бојаниќ: Во Куманово не одиме да се предадеме, туку да се бориме и да го дадеме максимумот!

Екипата на Младост во рамките на седмата рунда на Суперлигата ќе гостува...

Ракомет

Лукиќ: Младост знае да се носи со притисокот, очекувам борба до последна секунда во Куманово

Натпреварот со Еурофарм Пелистер 2 е минато, Младост се фокусира на следниот...

Ракомет

Бутел Скопје го почнува европскиот предизвик на гостински терен кај Горица

Европските обврски продолжуваат за Бутел Скопје, кој го очекува двомеч за пласман...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!