Кошарка

ЖКК Струга 2009 поведе во финалето: драматична победа над ЖКК Гевгелија за чекор поблиску до Првата лига

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Кошаркарките на ЖКК Струга 2009 направија значаен исчекор кон пласман во „Шпаркасе Лајф“ Првата лига, откако славеа во првиот натпревар од финалната плеј-оф серија против ЖКК Гевгелија со тесни 72:70 и поведоа со 1-0 во серијата.

Стружанки пред домашната публика имаа одличен старт и по првата четвртина создадоа двоцифрена предност (26:14), најавувајќи сигурен тек на натпреварот. Сепак, гостинките од Гевгелија возвратија во вториот период, направија целосен пресврт и на паузата заминаа со водство од 39:35.

Гевгеличанки продолжија со добрата игра и во третата четвртина, кога ја зголемија предноста на 56:48, но во последниот период следуваше пад во нивната игра. Домашниот состав тоа знаеше да го искористи, направи резултатски пресврт и во неизвесна завршница стигна до минимална, но исклучително важна победа.

Најефикасна во редовите на Струга 2009 беше Муртезаи со 29 поени, додека Хиса додаде 16, а Зиба 13 поени. Кај Гевгелија, Муса-Димитровски и Стојковска постигнаа по 18 поени, додека Стојановска реализираше 17.

Серијата сега се сели во Гевгелија, каде вториот натпревар ќе се одигра утре од 17 часот во спортската сала „26 Април“. Во елитното друштво ќе се пласира екипата која прва ќе стигне до две победи во финалната серија.



Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаПрва лигаФудбал

ФФМ поведе постапки против Башкими и Муарем Муарем, изречени суспензии за шестмина фудбалери и тренери

Дисциплинската комисија при ФФМ донесе одлуки за поведување дисциплински постапки против ФК Башкими и две официјални лица, како и за изрекување дисциплински казни...

ФудбалФутсал

Проект вечерва гостува кај СЕЕ Университи, Јувентус Серава домаќин на Форца, дерби на Шкупи и Кеги Моби

Второто коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дуелот меѓу СЕЕ Университи и актуелниот шампион Проект, кој е закажан за 19:00...

Поврзани написи
Кошарка

Никола Кочовиќ е нов кошаркар на КК Пелистер

Кошаркарскиот клуб Пелистер продолжува со засилувањата за новите предизвици во сезоната. Нов...

Кошарка

Јован Кузмановски е нов претседател на КК Пелистер!

Јован Кузмановски е избран за нов претседател на Кошаркарскиот клуб Пелистер од...

Кошарка

Крива Паланка одбраната на титулата ја започнува против Вардар, Гевгелија домаќин на Патриот

Викендот започнува новата сезона во Првата женска кошаркарска лига со мечевите од...

Кошарка

Втор евро-пораз за МЗТ Скопје, Тарту го освои Аеродром со тројка во самиот финиш!

МЗТ Скопје Аеродром го претрпе и вториот пораз во првата фаза од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!