ФудбалЧетврта лига

Палатица со гест на благодарност: Дрес за новинарот Буран Муслиу за поддршката на локалниот фудбал

Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Палатица од Тетово, кој настапува во општинската лига, на достоинствен и симболичен начин му оддаде признание на спортскиот новинар Буран Муслиу од каналот „Спорти Сот“, наградувајќи ја неговата континуирана поддршка и присутност на натпреварите на тимот.

Во знак на благодарност, раководството на клубот му подари дрес со името на каналот „Спорти Сот“ и бројот 23 – број кој има лично значење за новинарот. Овој гест претставува признание за неговата посветеност во следењето и промоцијата на активностите на клубот, но и на локалниот фудбал воопшто.

Од клубот истакнаа дека медиумската поддршка е од суштинско значење за развојот и видливоста на помалите средини, нагласувајќи дека ангажманот на нашиот колега Муслиу значително придонел Палатица да добие поголемо внимание и афирмација.

Овој потег уште еднаш ја потенцира важноста на соработката помеѓу спортските колективи и медиумите, како клучен фактор во унапредувањето и популаризацијата на локалниот спорт.

Инаку, Буран Муслиу е соработник и на редакцијата на Спортска Мрежа.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

ФОТО НА КОЛОТО: Новаци ја слави првата сезонска победа во Втора лига

Второлигашот Новаци ја забележа првата сезонска победа откако славеше на домашен терен над Детонит Плачковица со резултат од 3:1, извештајот на Спортска Мрежа...

Трета лигаФудбал

Чардак од Велгошти ја декласираше Преспа, битолско реми, Кравари со девет гола против Влазними

Денес беше комплетирано првото коло на Трета лига регион 5 откако вчера беше отворено со еден меч. Тимот на Кравари ја имаше највисоката...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

ФОТО НА КОЛОТО: Новаци ја слави првата сезонска победа во Втора лига

Второлигашот Новаци ја забележа првата сезонска победа откако славеше на домашен терен...

Трета лигаФудбал

Дрита со „лото“ победа, Љуботен со убедлив триумф, три бода за Гостивар и Цетинска

Денес започна новата сезона во Трета лига регион 6 со натпреварите од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!