ФудбалЧетврта лига

Меморијалниот турнир „Ване Трајанов“ 2026 во радовишко Злеово – три дена фудбал, почит и заедништво

Сподели
Сподели

Од 10 до 12 април на фудбалскиот терен „Ване Трајанов“ во радовишкото село Злеово ќе се одржи традиционалниот меморијален турнир во чест на Ване Трајанов – човек кој остави длабока трага во селото и меѓу многу генерации.

Три дена фудбалски натпревари 11 на 11, дружба и спортски дух ќе ги обединат екипите од ОФЛ Струмица, а турнирот се очекува да привлече голем број учесници и публика. Настанот не е само спортски, туку и прилика да се оддаде почит на ликот и делото на Трајанов.

Организаторите од ФК Слога Злеово ги повикуваат сите компании и поединци да се вклучат како спонзори или поддржувачи на турнирот.

За сите заинтересирани за информации и пријави, контактирајте:

  • Ангел: 079 401 720
  • Марјан: 078 314 525
  • Мите: 070 315 568

Меморијалниот турнир „Ване Трајанов“ е организиран од ФК Слога Злеово, а целиот настан ветува незаборавни моменти и спортска возбуда за сите учесници и посетители.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!