Ракомет

Костов е сè уште прв стрелец во Супер лигата, а Матео Фадхуиле и Даниел Андоновски веднаш зад него!

Сподели
ФОТО: МРК Куманово
Сподели

Наум Костов од МРК Куманово е водечкиот стрелец во македонската ракометна Супер лига во пресрет на натпреварите од седмото коло. Охриѓанецот во Куманово, досега постигна 60 гола и има значителна предност пред конкуренцијата, додека на второто место се наоѓа Матео Фадхуиле од Вардар 1961 со 46 погодоци.

На третата позиција е Даниел Андоновски од Младост со 41 гол, а зад него следува Никола Јукиќ од Струга со 37. Владимир Бојаниќ од Младост и Филип Кузмановски од Еурофарм Пелистер имаат по 36 погодоци и ја делат петтата позиција.

ФОТО: Спортска Мрежа

Во продолжение, листата ја комплетираат ракометари од повеќе клубови во лигата. Мохамед Азиз Бен Махфоудх од Тиквеш 2014 и Омар Мамдоух Солиман Радван од МРК Куманово имаат по 35 гола, додека Кристијан Симоновски од Еурофарм Пелистер 2 и Петар Атанасијевиќ од Еурофарм Пелистер се на 34 погодоци.

ФОТО: РК Еурофарм Пелистер

Меѓу најдобрите стрелци е и Доминик Мате од Охрид, кој досега постигна 34 гола, исто колку и Атанасијевиќ. Дарко Ѓукиќ, исто така од Охрид, е на 18. место со 26 погодоци. Од Алкалоид, пак, во топ 20 се наоѓа Дамјан Митев со 25 гола.

ФОТО: ГРК Охрид

Топ 20 стрелци во Супер лигата пред седмото коло:

  1. Наум Костов (МРК Куманово) – 60 гола
  2. Матео Фадхуиле (Вардар 1961) – 46
  3. Даниел Андоновски (Младост) – 41
  4. Никола Јукиќ (Струга) – 37
  5. Владимир Бојаниќ (Младост) – 36
  6. Филип Кузмановски (Еурофарм Пелистер) – 36
  7. Мохамед Азиз Бен Махфоудх (Тиквеш 2014) – 35
  8. Омар Мамдоух Солиман Радван (МРК Куманово) – 35
  9. Кристијан Симоновски (Еурофарм Пелистер 2) – 34
  10. Петар Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер) – 34
  11. Доминик Мате (Охрид) – 34
  12. Димитар Димитриоски (Прилеп) – 32
  13. Давид Димевски (Еурофарм Пелистер 2) – 31
  14. Тоше Ончев (Тиквеш 2014) – 30
  15. Давид Трајковски (Мулти Есенс) – 29
  16. Петар Марковски (Прилеп) – 28
  17. Андреј Стојановски (Прилеп) – 27
  18. Дарко Ѓукиќ (Охрид) – 26
  19. Димитар Ѓеоргиевски (Бутел) – 25
  20. Дамјан Митев (Алкалоид) – 25

Костов засега е убедлив лидер според вкупниот број погодоци, а претстојните натпревари ќе донесат нови промени во трката за најдобар стрелец на македонската Супер лига.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Македонски судии со европска задача во Полска: браќата Илиевски делегирани за меч од ЕХФ Купот

Македонските ракометни судии продолжуваат со ангажманите на меѓународната сцена. Методија и Михајло Илиевски добија доверба од Европската ракометна федерација и ќе бидат дел...

Останати репрезентацииРепрезентација

Марко Џорлев ќе се бори за светско злато! Македонскиот каратист со четири победи до финалето во Полска

Македонскиот карате репрезентативец Марко Џорлев обезбеди пласман во финалето на Светското првенство за кадети, јуниори и натпреварувачи до 21 година, кое се одржува...

Поврзани написи
Ракомет

Македонски судии со европска задача во Полска: браќата Илиевски делегирани за меч од ЕХФ Купот

Македонските ракометни судии продолжуваат со ангажманите на меѓународната сцена. Методија и Михајло...

Ракомет

Ловро Јотиќ се враќа на терените и потпиша за Стеауа Букурешт!

Хрватскиот среден бек Ловро Јотиќ има нова станица во кариерата. Искусниот 31-годишен...

Ракомет

Воркапиќ блесна во Полска и се најде меѓу елитата во Лигата на шампионите!

И покрај поразот на Вардар во Полска, еден од ракометарите на македонскиот...

Ракомет

Бутел ја скрои тактиката за европскиот испит во Хрватска!

Ракометарите на Бутел Скопје се подготвени за првиот предизвик во двомечот со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!