ФудбалФутсал

Започнува новата сезона: Црна Река, Балкан и Мал Ајакс во трка за враќање во футсал елитата!

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Новата сезона 2026/2027 во Втората македонска футсал лига започнува утре, а борбата за првите две позиции, кои носат пласман во елитното друштво, се очекува да биде интересна. Во конкуренција на девет екипи, меѓу главните кандидати за враќање во Првата лига се издвојуваат Црна Река од Кавадарци, Балкан и Мал Ајакс од Штип.

Поранешниот прволигаш од Кавадарци има јасни амбиции оваа сезона да заврши меѓу првите две екипи и да обезбеди враќање во најсилната конкуренција. Сепак, Црна Река ќе има сериозна конкуренција, пред сè од Балкан и Мал Ајакс, кои минатата сезона испаднаа од Првата футсал лига и исто така ќе се стремат кон брзо враќање.

Секако, не е исклучена можноста и некоја друга екипа да се вклучи во трката за највисок пласман, но засега овие три тима се наметнуваат како кандидати со отворени амбиции за место во елитата.

ПОДДРЖИ ЈА СПОРТСКА МРЕЖА СО СИМБОЛИЧНА ДОНАЦИЈА

Првите натпревари од новата сезона се играат утре. Од 18:30 часот во Кочани, Фудбал Старс ќе се соочи со Кратово, со што официјално ќе биде отворена сезоната. Од 20 часот е дуелот меѓу Каршиака и дебитантот Шутка 1, додека од 20:30 часот Балкан ќе ја пречека Победа.

Првото коло ќе биде комплетирано в недела во Штип, каде што во дербито на два поранешни прволигаши, Мал Ајакс ќе го пречека Овче Поле од Свети Николе. Натпреварот е закажан за 18 часот.



Во првото коло слободна е екипата на Црна Река од Кавадарци, која ќе го започне својот настап во следната рунда.

Со девет екипи во конкуренција и две места што водат кон Првата македонска футсал лига, претстојната сезона носи интересна борба, а останува да се види кој ќе ги исполни амбициите и ќе обезбеди враќање во елитата.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Фатмир Бафто ќе го суди дербито меѓу Влазерими и Караорман, Владимир Ѓорѓиевски главен на средбата меѓу Крошу Спорт и Могила

Викендот се играат мечевите од 8. коло на Трета лига регион 5, а кое коло се отвара утре со мечот меѓу Напредок и...

Кошарка

(ВИДЕО) 30 години од историската победа на МЗТ Скопје над Реал Мадрид – вечерта кога „Лименката“ го сруши шпанскиот гигант!

На денешен ден, 6 ноември, пред точно 30 години, македонската кошарка испиша една од своите најславни страници. МЗТ Скопје Аеродром во незаборавна атмосфера...

Поврзани написи
✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!