РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Информации за влез, фан зона и организација за натпреварот во Копенхаген

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

За сите навивачи и поддржувачи на македонската фудбалска репрезентација кои ќе присуствуваат на бараж натпреварот против Данска, закажан за 26 март 2026 година со почеток во 20:45 часот на стадионот „Паркен“ во Копенхаген, ги споделуваме следните важни информации:

Фан зоната за македонските навивачи ќе биде лоцирана во „The Old Irish Pub“ и ќе биде отворена од 12:00 часот на денот на натпреварот. Организираното движење кон стадионот ќе започне околу 18:30 часот, при што дел од патувањето ќе се реализира со бесплатен воз, а дел пеш, во координација со локалната полиција.

Вратите на стадионот ќе бидат отворени од 19:15 часот. Македонските навивачи ќе бидат сместени во секторот D1, додека носителите на билети од прва категорија во секторот A9. Влез во други сектори нема да биде дозволен.

Важно е да се напомене дека по влезот на стадионот, излегување и повторно влегување нема да биде дозволено. Сите навивачи задолжително треба да носат важечки личен документ (лична карта или пасош), кој ќе го приложат на барање на службените лица.

Билети нема да се продаваат на денот на натпреварот, а паркинг просторот околу стадионот е со ограничен капацитет, со наплата и по принципот „прв дојден – прв услужен“.

Во однос на дозволените реквизити, знамиња и банери се дозволени со максимални димензии од 1м x 1,5м, при што сите знамиња со текст мора да бидат претходно одобрени. Во спротивно, нема да биде дозволено нивно внесување.

Не е дозволено внесување на фотоапарати, камери, храна и пијалоци. Ранци и чанти се дозволени само до големина на формат А4. Строго е забрането внесување на пиротехника, огномети, чадни бомби и други опасни предмети.

За внесување на дополнителни реквизити како тапани, мегафони и слично, потребно е претходно да се достави формално барање со фотографија од предметите и контакт информации од лицето кое ќе ги носи. Предмети без претходно одобрение нема да бидат дозволени.

Барањата можете да ги доставите на е-пошта: zoran.sazdov@ffm.com.mk

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!