Останати репрезентацииРепрезентација

Марко Џорлев ќе се бори за светско злато! Македонскиот каратист со четири победи до финалето во Полска

Сподели
Сподели

Македонскиот карате репрезентативец Марко Џорлев обезбеди пласман во финалето на Светското првенство за кадети, јуниори и натпреварувачи до 21 година, кое се одржува во Бјелско-Бјала, Полска. Џорлев импресионираше со своите настапи во категоријата до 63 килограми, остварувајќи четири победи во исто толку борби, па сега го дели само уште еден чекор од светската титула.

Македонскиот каратист го започна настапот со победа од 10:6 против Алехандро Перез од Куба, а во следната борба беше подобар од Хозе Андрес Гарсија од Гвајана со 6:1. Во третото коло Џорлев продолжи со сигурните настапи и славеше со убедливи 6:0 против Леонс Акоповс од Латвија.

Вистинската потврда за неговата одлична форма пристигна во полуфиналето, каде што го совлада Јан Мата од Панама со убедливи 8:0 и со тоа обезбеди место во големото финале на светскиот собир.

ФОТО: Македонската карате репрезентација на СП за кадети, јуниор и натпреварувачи до 21 година во Полска

Таму противник ќе му биде Адам Баги од Унгарија. Пред Џорлев е најважната борба на шампионатот, во која ќе има можност да го круниса одличниот настап со златен медал и светска титула.

Во изјава за Спортска Мрежа, Џорлев потврди дека конкуренцијата е силна, но дека е подготвен за предизвикот и верува дека може да стигне до најпосакуваното одличје.

Македонија со големо внимание ќе го следи финалниот настап на младиот репрезентативец, кој со четири победи покажа квалитет и решителност на патот до борбата за светското злато.

Сега останува уште последниот чекор – финалето против унгарскиот каратист Адам Баги. Држиме среќа за Марко!

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Битола слави голема победа – Еурофарм Пелистер со неверојатен пресврт го урна германски Гумерсбах!

Битола вечерва повторно ја почувствува магијата на големите европски ракометни вечери! Еурофарм Пелистер приреди вистински спектакл во салата „Боро Чурлевски“, совладувајќи го германскиот...

Ракомет

Андоновски: Со борба до последен здив за секоја топка, одиме по првата сезонска победа против Струга!

В сабота од 18 часот салата „Млаз“ во Богданци повторно ќе се наполни до последното место за мечот меѓу Младост и Струга од...

Поврзани написи
Останати репрезентацииРепрезентација

Македонските биатлонци ги започнаа подготовките, следуваат настапи на европската сцена

Македонската биатлон репрезентација ги започна зимските подготовки за претстојната сезона. Сениорската екипа...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

По шесте порази, Македонија чека нова шанса: во петок ждрепка за опстанок во Б-дивизијата

Македонската фудбалска репрезентација ја затвори групната фаза во Лигата на нации без...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!