РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Димитар Капинковски: Верувам во оваа генерација на Македонија У19

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Младата репрезентација на Македонија до 19 години оваа недела ја започнува својата авантура во првата рунда од квалификациите за пласман на Европското првенство. Избраниците на селекторот Димитар Капинковски ќе се обидат да обезбедат позитивен резултат и да ја продолжат борбата за место на континенталниот собир.

Нашиот национален тим ќе настапи во група во која, покрај Македонија, се наоѓаат селекциите на Фарски Острови, Молдавија и домаќинот Холандија, што значи дека пред младите фудбалери стои сериозен предизвик.

Сите натпревари од групата ќе се одиграат во Холандија, а клучно ќе биде Македонија да прикаже дисциплинирана и борбена игра против квалитетните противници со цел да се избори за поволен пласман и евентуален пласман во следната фаза од квалификациите.

„Преку турнирите и тренинг камповите што ги организиравме во текот на изминатиов период имавме доволно време да се подготвиме за она што не очекува. За жал на овој турнир ќе настапиме без Ненад Дамјановски кој паузира поради потешка повреда, а во идентична ситуација се Александар Грашески и Стоилов кои се уште се рехабилитираат. Во моментов на располагање ги имаме најдобрите од оваа генерација и ќе направиме се за да се покажеме најдобро издание. Настапот во овие квалификации е одлична можност преку играње на натпревари со квалитетни противници да го стекнат потребното искуство кои многу ќе им помогне во текот на кариерата“, изјави Капинковски.

Прв противник ни е селекцијата на Фарски Острови, натпреварот се игра на 25 март со почеток во 17 часот. Три дена подоцна се соочуваме со домаќинот Холандија додека на 31 овој месец противник ни е Молдавија.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
Останати репрезентацииРепрезентација

Марко Џорлев ќе се бори за светско злато! Македонскиот каратист со четири победи до финалето во Полска

Македонскиот карате репрезентативец Марко Џорлев обезбеди пласман во финалето на Светското првенство...

Останати репрезентацииРепрезентација

Изабела Зајков со освоениот бронзен медал на прием кај министерот за спорт Борко Ристовски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска ги пречека младите македонски репрезентативци Омер...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Дмитро Хориха од денес е дел од македонската ракометна репрезентација!

Денес, во просториите на Ракометната федерација на Македонија, се одржа прес-конференција на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!