ФудбалФутсал

Едис Муртезани расположен за голови – СЕЕ Университи со огромна победа, три бода за Партизан Југ

Сподели
ФОТО: Futsal Team „Seeu University“
Сподели

Екипата на СЕЕ Униерсити однесе висока и убедлива победа откако на домашен терен во рамки на 13. коло во Втората футсал лига со 9:3 го совлада тимот на Каршиака на патот кон влез во Првата футсал лига.

Најрасположен за погодоци беше Едис Муртезани кој постигна четири погодоци, а пак со по еден гол во листата на стрелци се запишаа Хисен Мемеди, Меритон Халими и Дријарт Саити.

За гостинската екипа стрелци на погодоци беа Бујамин Асани кој погоди во 5. минута, а пак во вториот дел стрелаа Сеад Јакупи и Нехат Емини.

СЕЕ Университи сега е сигурен на второто место, а првите две екипи имаат директен влез во Прва лига.

Во Брвеница беа постигнати девет гола за славје на домаќинот Партизан Југ од 6:3 над Фудбал Старс од Кочани. Искусниот Даниел Радески постигна хет-трик за екипата на Партизан Југ, Даниел Јандриески имаше два гола, а Новаци Костадиноски се запиша во листата на стрелци со еден гол постигнат во 16. минута.



За гостинската екипа од Кочани во 3. минута погоди Славче Живков, а во вториот дел стрелаа Давид Тренчев и Јован Стојанов.

Утре на програмата се два меча, а колото се затвара дури во вторник со мечот во Кавадарци меѓу Црна Река и Конзули.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Еуромилк ГЛ сигурен кон баражот за Втора лига, поранешен второлигаш оди кон испаѓање во Општинска лига!

По 15 кола во Трета лига – Север тимот на Еуромилк ГЛ кој во минатото беше дел од фудбалската елита е на добар...

Трета лигаФудбал

Камјани има солидна бодовна предност во Трета лига – Запад, ќе биде ли доволна за второлигашки бараж?

Три екипи се имаат шанси за првата позиција во Трета лига – Запад која води кон баражот за Втора лига, но најголема шанса...

Поврзани написи
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!