ФудбалФутсал

Нов „кикс“ на Форца – бод за опстанок на Шкупи, Јувентус Серава се прикажа во моќно издание со 12 гола!

Сподели
ФОТО: КМФ Јувентус Серава
Сподели

Актуелниот шампион Форца направи нов „кикс“ откако одигра 6:6 на воведниот меч против Шкупи, со што скопскиот тим освојува вреден бод во тешката битка за опстанок во Првата футсал лига.

Натпреварот за отварање на 12. коло понуди дури 12 погодоци, но без победник. Со често менување на резултат – за домашниот тим три погодоци постигна Артан Чилафи, а пак двоен стрелец беше Берат Рамадани, а еден гол беше дело на Јасир Зекири.

За гостинот по два гола постигнаа Еркан Сефери и Ербил Даци, а пак по еден гол постигнаа Зекир Зејнели и Абдил Кадир Јахја.

Во Велес беа постигнати седум гола за триумф на Кеги Моби од 4:3 над Мал Ајакс од Штип. Без погодоци помина првиот дел од мечот, сите голови паднаа во вториот дел.

Домаќинот стигна до водство од 4:0 преку двата гола на Трајче Трајков и головите на Димче Андов и Петар Левков, а потоа Давид Тошев со два брзи гола намали на 4:2, а конечниот резултат од 4:3 го постави Иса Дурмишов во 34. минута.



На натпреварот меѓу Јувентус Серава и Клими беа постигнати фантастични 16 погодоци, за моќна победа на домаќинот од 12:4.

Вечерва најрасположен за погодоци беше Армандо Алијевиќ кој за домашниот состав постигна четири погодоци, хет-трик имаше Омер Османи, а пак двоен стрелец беше Фуркан Шабани. По еден гол за скопскиот тим постигнаа Бејтула Јакупи, Керим Мамуд и Енез Јусуфи.

За гостинската екипа од Кавадарци двапати погоди Давид Крстески, а по еднаш Филип Грујоски и Виктор Аризанов.



Утре се игра мечот меѓу дебитантот Балкан и непоразениот лидер Проект од Јосифово, а колото ќе биде затворено во понеделник со мечот меѓу Бутел и Осогово.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Савревски најави нов европски поход: „Минатата сезона испишавме историја, сакаме така да продолжиме!“

Европската приказна на ГРК Охрид продолжува, а амбициите на „гладијаторите“ остануваат високи и по историскиот успех минатата сезона. Освојувањето на ЕХФ Европскиот Куп...

ИнтернационалциФудбал

Матеј Гаштаров го продолжи договорот со Црвена Звезда до 2031 година

Македонскиот фудбалски репрезентативец Матеј Гаштаров го продолжи договорот со српскиот гигант Црвена Звезда до 2031 година. 20-годишниот фудбалер со своите настапи и напредокот...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Матеј Гаштаров го продолжи договорот со Црвена Звезда до 2031 година

Македонскиот фудбалски репрезентативец Матеј Гаштаров го продолжи договорот со српскиот гигант Црвена...

ФудбалФутсал

Црна Река како фаворит ќе го пречека Фудбал Старс, Мал Ајакс гостува кај Кратово

Второто коло на Втората футсал лига се отвара во петок со две...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Шампионот Скопје го „прегази“ Кочани со седум гола, хет-трик на Радица Чонева

Со убедливата победа на шампионот Скопје над „фенерџијата“ Кочани од 0:7 беше...

Втора лигаФудбал

Кој ќе го стигне најдобриот стрелец во Втора лига?

По осум кола во Втората македонска фудбалска лига, најдобриот стрелец продолжува да...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!