Втора лигаФудбал

ФОТО: „Пиратите“ со силна поддршка – Скопје сака директен влез во Прва лига!

Сподели
ФОТО: ФК Скопје
Сподели

Продолжува победничката форма на Скопје во Втората македонска фудбалска лига, со што „пиратите“ од Автокоманда сега се на минус два од лидерот Охрид и продолжуваат да го напаѓаат врвот за директен влез во Прва лига.

Тимот на Александар Таневски има четири од четири во пролетниот дел и освоени 12 бодови со кои сега второлигашот од Автокоманда сака директен влез во елитата.

На мечот со Осогово, екипата на Скопје имаше силна поддршка од трибините и верните „пирати“ кои даваат силна поддршка на својот миленик на патот кон враќање во елитата.

Скопје со победа од 0:4 над Слога во Виница го отвори пролетниот дел, а потоа славеше против Беласица (1:0) на домашен терен, а ја доби и Шкендија Арачиново во гости (1:2), додека пак на домашен терен со 2:0 славеше и над Осогово.

ФОТО: ФК Скопје

Ако се земе фактот што Скопје на домашен терен ќе игра и со Охрид, Брегалница, Детонит Плачковица, тогаш дефинитивно „пиратите“ имаат распоред кој им оди во прилог и ќе решаваат на домашен терен со конкурентите за да бидат шампион во Втора лига и следната сезона сигурно да играат во Прва лига, односно да се избегне баражот.

ФОТО: ФК Скопје

Едно од потешките гостувања за Скопје може да биде само против Новаци.

  • ЦЕЛОСЕН РАСПОРЕД НА СКОПЈЕ ДО КРАЈОТ НА СЕЗОНАТА

20 коло Победа – Скопје (гости)
21 коло Скопје – Кожуф (дома)
22 коло Вардар Неготино – Скопје (гости)
23 коло Скопје – Брегалница (дома)
24 коло Новаци – Скопје (гости)
25 коло Скопје – Каменица Саса (дома)
26 коло Преспа – Скопје (гости)
27 коло Скопје – Охрид (дома)
28 коло Тетекс – Скопје (гости)
29 коло Големо Коњари – Скопје (гости)
30 коло Скопје – Детонит Плачковица (дома)



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Савревски најави нов европски поход: „Минатата сезона испишавме историја, сакаме така да продолжиме!“

Европската приказна на ГРК Охрид продолжува, а амбициите на „гладијаторите“ остануваат високи и по историскиот успех минатата сезона. Освојувањето на ЕХФ Европскиот Куп...

ИнтернационалциФудбал

Матеј Гаштаров го продолжи договорот со Црвена Звезда до 2031 година

Македонскиот фудбалски репрезентативец Матеј Гаштаров го продолжи договорот со српскиот гигант Црвена Звезда до 2031 година. 20-годишниот фудбалер со своите настапи и напредокот...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Матеј Гаштаров го продолжи договорот со Црвена Звезда до 2031 година

Македонскиот фудбалски репрезентативец Матеј Гаштаров го продолжи договорот со српскиот гигант Црвена...

ФудбалФутсал

Црна Река како фаворит ќе го пречека Фудбал Старс, Мал Ајакс гостува кај Кратово

Второто коло на Втората футсал лига се отвара во петок со две...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Шампионот Скопје го „прегази“ Кочани со седум гола, хет-трик на Радица Чонева

Со убедливата победа на шампионот Скопје над „фенерџијата“ Кочани од 0:7 беше...

Втора лигаФудбал

Кој ќе го стигне најдобриот стрелец во Втора лига?

По осум кола во Втората македонска фудбалска лига, најдобриот стрелец продолжува да...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!