Македонската репрезентација до 17 години беше поразена од Грузија со 1:2 во вториот контролен натпревар одигран на гостински терен. Избраниците на селекторот Влатко Колев прикажаа солидна игра, но не успеаја да ги реализираат своите шанси.
Нашата селекција имаше неколку одлични можности за погодок. Во првото полувреме Андреј Цветковски ја погоди пречката, додека Васко Папалиски не искористи две изгледни прилики во првите 45 минути. Казната стигна во 15. минута кога домаќинот поведе со 1:0.
Во вториот дел беше досуден автогол во 57. минута, по што резултатот беше намален, но Грузија во 65. минута повторно ја зголеми предноста и ги постави конечните 2:1.
Македонија до 17 години: 12. Даријан Денковски, 2. Тео Стојчевски, 3. Филип Цветковски, 5. Давид Лиотоски, 7. Александар Јулијан Петровски, 8. Арда Илијазовски, 9. Васко Папалиски, 10. Андреј Цветковски, 14. Лука Јасмин Георгиев, 16. Павел Миронски, 18. Лука Кнежевиќ;
1. Амин Сулиовиќ, 4. Алекса Јазагиќ, 6. Марко Мирчевски, 11. Мелдин Аломеровиќ, 15. Самуел Вртковски, 17. Грегоријан Михајловски, 19. Блерон Буши, 20. Павел Рибарски, 22. Ринор Чека; Селектор: Влатко Колев.
Првиот контролен натпревар меѓу двете репрезентации заврши без победник, 0:0.