РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Андов: Создаваме нов тим што ќе игра заедно во следната деценија

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонската женска фудбалска репрезентација ги започна подготовките за првите натпревари од новиот квалификациски циклус за пласман на Светското првенство, во рамките на Лига Ц.

Со стартот на циклусот се отвора и ново поглавје во историјата на националниот тим. Во составот предводен од селекторот Александар Андов доминираат фудбалерки кои настапуваа за младинските селекции до 17 и до 19 години и кои во изминатиот период остварија значајни резултати.

„Почеток е на нов циклус, но и на нова етапа во македонската женска репрезентација. Тимот е составен од фудбалерки кои беа дел од У17 и У19 селекциите, а тука се и неколку поискусни играчи од сениорскиот состав. Доминираат фудбалерки од домашниот шампионат. Градиме нов концепт и создадаваме тим кој подолг период ќе игра заедно. Имаме идеална група за да видиме до каде сме во моментов. Иако составот е подмладен и дел од фудбалерките за првпат се дел од А репрезентацијата, јас сум оптимист и верувам дека можеме да бидеме подобри од Азербејџан и Андора“, изјави Андов.

Пред оваа генерација стојат нови предизвици и можност да го потврди квалитетот покажан во младинските категории.

„Не е исто да се игра во помладите селекции и во сениорска конкуренција. Во А репрезентацијата притисокот е многу поголем, а противниците се поискусни и физички подготвени. Сепак, нашите млади фудбалерки имаат победнички менталитет кој го потврдија со пласманите во елитните фази и настапите против најдобрите европски селекции. Верувам дека токму тој победнички дух и тимската игра ќе донесат нова енергија во сениорскиот тим. Во комбинација со поискусните играчи, можеме да создадеме репрезентација со која во блиска иднина ќе се гордееме“, додаде селекторот.

Македонија има реални шанси за позитивен старт против Азербејџан и Андора.

„Нашата цел се шест бода од првите два натпревари. Ако го оствариме тоа, ќе направиме чекор напред во однос на претходните циклуси. Во еден од нив бевме блиску до баражот, а сега очекувам да го направиме тој исчекор. Овој тим има потенцијал да биде заедно во следната деценија и да бележи континуиран напредок“, истакна Андов.

Во групата се наоѓа и селекцијата на Унгарија, која важи за фаворит, но нашите фудбалерки нема да се откажат однапред.

„Унгарија е главен фаворит, но верувам дека можеме да бидеме рамноправни. На контролниот натпревар со Русија покажавме дека можеме да се носиме и со квалитетни европски селекции. Со добра подготовка и максимална концентрација, можеме да одиграме квалитетно и против нив“, порача Андов.

Првиот натпревар Македонија ќе го одигра на 3 март во Баку против Азербејџан, а четири дена подоцна во Битола ќе ја пречека селекцијата на Андора.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторката Катерина Милеска го објави списокот на фудбалерки за квалификацискиот турнир во Грузија

Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години ќе учествува во квалификациите...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Горан Станковски го избра составот: Македонија У15 ќе настапи на Светското првенство во Баку

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 15 години, составена од играчи од...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Женската кадетска репрезентација ги започна подготовките, Македонија ќе игра против Турција и Грција

Женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија ги започна подготовките за настапот во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!