Ракомет

Блажески: „Регуларниот дел е зад нас – сега започнува најважното“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

По убедливата победа над РК Тинекс Пролет со 39-23 во последното коло од регуларниот дел на Супер Лигата, голманот на ГРК Охрид, Бојан Блажески, кој зад своето име запиша 13 одбрани, во разговор за Спортска Мрежа, го анализираше натпреварот, завршницата од домашниот шампионат и европскиот предизвик што следува.

ФОТО: ГРК Охрид

 

За мечот со Пролет

Блажески потенцира дека и покрај густиот распоред и заморот од европските обврски, смета дека тимот одговорил на високо ниво. Според него, ротациите донеле свежина, а колективната игра била клучот за убедливиот триумф.

„Вечерва го одигравме последниот натпревар од регуларниот дел во Супер Лигата. И покрај долгиот пат и набиениот распоред што го имавме во Февруари, денес одигравме одличен меч, со многу ротации и навистина, сите момци одиграа феноменално.“

ФОТО: ГРК Охрид

За плеј-офот и мечот со Бутел

Регуларниот дел, Охрид го заврши на третата позиција, а Блажески смета дека досега сработеното треба да остане зад нив. Вели дека од овој момент почнува ново поглавје, во кое фокусот мора да биде максимален, почнувајќи од првиот предизвик против Бутел.

„Регуларниот дел го одигравме одлично, можеби и подобро од очекуваното. Најважно е сега да потенцирам дека тоа е зад нас и не смееме да размислуваме што било. Оттука се врти ,,нов лист” и мораме да бидеме фокусирани максимално наредните 3 месеци. Со Бутел игравме натпревар пред крајот и веќе сме добро запознаени со противникот. Сакаме ,,Play Off” фазата да ја започнеме со победа.“

ФОТО: ГРК Охрид

За четвртфиналето во Европа

Во четвртфиналето од ЕХФ Европскиот Куп, охриѓани ќе се соочат со грчкиот Олимпијакос. Голманот признава дека станува збор за квалитетен противник, но нагласува дека во моментов, приоритет е домашниот шампионат и стартот на плеј-офот.

„Во 1/4 финалето на ЕХФ купот за противник го добивме Олимпијакос. Одлична екипа. Пред сè имаме слика за каков противник станува збор. Да, прерано е да се разговара на таа тема, бидејќи сега сме фокусирани на Бутел, па потоа ни гостува Акалоид . Според мене, нема да кријам- можеби најважниот меч во ,,Play Off” фазата. Имаме време , веќе се спремаме, анализираме и ќе дададеме сè од себе да го израдуваме Охрид.”- вели Блажески за Спортска Мрежа.

Со јасна порака – фокус на сегашноста и чекор по чекор – Охрид влегува во најважниот дел од сезоната, со амбиции и на домашната и на европската сцена.

ФОТО: ГРК Охрид

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

Шар Планина ја доби Гевгелија – финалето ќе се решава во „мајсторка“!

Кошаркарите на Шар Планина возвратија на вистински начин и изборија решавачки трет натпревар во финалната серија за пласман во Првата македонска лига. Тимот...

Кошарка

Битка за елитата: стартува плеј-офот во Првата кошаркарска лига

По кратката пауза, викендов започнува највозбудливиот дел од сезоната во Првата македонска кошаркарска лига – плеј-офот кој ќе донесе еден нов суперлигаш. Четирите...

Поврзани написи
Ракомет

Ракометарките ги дознаа противниците на ЕП 2026: Македонија доби силна група!

Женската ракометна репрезентација на Македонија ги дозна своите противници за Европското првенство...

Ракомет

РФМ ги делегираше судиите за Ф4 во Струмица – познати арбитрите за полуфиналињата и финалето

Салата „Парк“ во Струмица викендов ќе биде домаќин на завршниот турнир од...

Ракомет

Во Скопје ќе се крои новата регионална ракометна лига

Главниот град на Македонија ќе биде домаќин на клучен состанок за иднината...

Ракомет

Силвана Карбеска и Марија Илиева ќе делат правда на меч од четвртфиналето во ЛШ

Силвана Карбеска и Марија Илиева добија уште едно големо признание од Европската...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!