Прва женска фудбалска лигаФудбал

Панчурова по победата над Љуботен: Никој лесно нема да помине во Струмица, горда сум на девојките!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Тиверија Брера денеска забележа голема победа од 2:1 над актуелниот шампион Љуботен во натпревар од 16. коло на Првата женска фудбалска лига.

Голема заслуга за триумфот имаше голманката Викторија Панчурова, која ја носи и капитенската лента на тимот од Струмица.

По натпреварот, Панчурова, која го чува и голот на македонската репрезентација, истакна дека по поразот од Каменица Саса во претходното коло, успеале за само два дена да се издигнат како тим и да стигнат до голем триумф, нагласувајќи дека е горда на сите девојки.

„Во саботата игравме тежок натпревар на терен кој беше уште по тежок за игра каква што негуваме ние и се соочивме со големи проблеми. Успеавме после два дена да се кренеме и на домашен терен да покажеме дека оваа млада екипа не се плаши од никого и дека баш овде тешко ќе се земаат бодови. Горда сум на сите девојки покажаа дека Македонија има квалитетни млади играчи кои треба да се ценат и почитуваат“, изјави Панчурова во ексклузивна изјава за Спортска Мрежа.

Струмичкиот прволигаш располага со млада екипа која може да игра на високо ниво и рамноправно да се носи со состави што имаат и странски засилувања во своите редови.

„ЖФК Љуботен има многу добра и спремна екипа која што игра на ниво сезонава составена од многу странци но тоа не значи дека предвреме ќе се креваат бели знаменца. Ги почитуваме сите екипи но како што кажав никој лесно нема да помине во Струмица. Ова се за нас многу важни бодови со оглед на тоа што имаме за цел да се задржиме горе на табелата. Сезоната е долга се надеваме дека ќе помине во најдобар ред без повреди и секако интересни натпревари“, дополнува Панчурова.

Тиверија Брера има 30 бодови и го дели четвртото место со Каменица Саса, а во следното коло ќе гостува кај „фенерџијата“ Кочани.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Фудбалерите до 16 години поуспешни од Летонија

Во првиот од двата контролни натпревари што се играат во Скопје, македонската репрезентација до 16 години ја совлада Летонија со 2:1. Избраниците на...

ФудбалФутсал

ВИДЕО: Лидерот Железарец го совлада Кратово, минимален пораз на Овче Поле

Лидерот Жезаларец го совлада незгодниот Кратово, со што успеа да ги освои трите бодови, откако го доби со 3:2 на домашен терен, во...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

ВИДЕО: Лидерот Железарец го совлада Кратово, минимален пораз на Овче Поле

Лидерот Жезаларец го совлада незгодниот Кратово, со што успеа да ги освои...

ФудбалФутсал

Клими уште еднаш ја „тресна“ Форца и ја исфрли од Купот, Проект и Јувентус Серава лесно до полуфинале

Вечерва беа одиграни три натпревари од четвртфиналето на футсал Купот на Македонија,...

Младински фудбалФудбал

Доминација на ГФК Неготино на IFT Junior Cup во Бугарија – три први и едно трето место, плус пет индивидуални награди

Младите фудбалери на ГФК Неготино забележаа извонреден успех на меѓународниот турнир IFT...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!