ФудбалФутсал

Валентино Јовановски со два гола во финишот ја „расплака“ Црна Река, лидерот Железарец пресилен!

Сподели
Сподели

Кратово вечерва забележаа неверојатна победа во последните минути над ланскиот прволигаш Црна Река од Кавадарци, славејќи со 2:1 преку пресврт во меч од 11. коло на Втората футсал лига.

Гостинот дојде до предност од 0:1 во 19. минута кога погоди Дарко Темелков за минимално водство на полувреме. Во вториот дел борбата продолжи, а двете екипи имаа шанси за погодоци, но без реализација.

Кога сите мислеа дека бодовите ќе заминат во Кавадарци, а Црна Река ќе продолжи да го следи чекорот на лидерот Железарец, Валентино Јовановски со два брзи гола во 38. и 39. минута го реши натпреварот.

Јовановски постигна два погодоци за комплетен пресврт и голем триумф на Кратово, со што го шокираше ланскиот прволигаш кој во две минути ги испушти трите бодови и влегува во комплицирана борба за враќање во елитата, од која испадна минатата сезона.



Ваквиот пораз на Црна Река најмногу во прилог му оди на лидерот Железарец, кој вечерва без проблеми со 1:8 славеше над „фенерџијата“ Карадаку.

Двојни стрелци беа Мартин Калчев, Дејан Кајсторовски и Петре Даиловски, а пак по еден гол постигнаа Реџеп Бислими и Спасе Здравевски. За домашниот тим единствен стрелец беше Шуајб Шукрија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Џатевска останува во Унгарија: Македонската репрезентативка ја продолжи соработката со Сомбатхељи

Македонската ракометарка Ивана Џатевска ќе продолжи да настапува во унгарскиот шампионат, откако официјално го продолжи договорот со Сомбатхељи за сезоната 2026/27. 22-годишната пикерка...

Втора лигаФудбал

Охрид го доживеа првиот сезонски пораз: „Рибарите“ немоќни против Марибор

Екипата на Охрид го доживеат првиот сезонски пораз откако во рамки на 5. коло на ЕРС (eFootball Pro Champions) загуби од тимот на...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид го доживеа првиот сезонски пораз: „Рибарите“ немоќни против Марибор

Екипата на Охрид го доживеат првиот сезонски пораз откако во рамки на...

Трета лигаФудбал

Двајца фудбалери го пропуштаат 17. коло во Трета лига – Исток!

В недела се играат мечевите од 17. коло на Третата македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!