Прва лигаФудбал

Виши: Ќе се бориме за секоја топка и за секоја минута од натпреварот

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Шкупи денес ќе се соочи со Арсими во обид да стигне до првиот позитивен резултат сезонава односно до првата радост. Чаирчани како што ја завршија 2025 година, така и ја отворија 2026 година – со порази. Обидите за спас на тимот од испаѓање ќе бидат тешки, бидејќи веќе само од бараж зоната разликата е 19 бодови.

Тренерот Алиса Виши верува во својот тим и потенцира дека дисциплината ќе биде клучен фактор за да се стигне до позитивен резултат.

„Како тренер, имам максимална почит кон противникот, но во овој натпревар влегуваме со целосна верба во нашите млади фудбалери. Работевме напорно во текот на целата недела и свесни сме дека фудбалот често ги наградува храброста, дисциплината и борбениот дух. Ќе се бориме за секоја топка и за секоја минута од натпреварот, давајќи го максимумот за клубот и за нашите навивачи“, заклучи Алиса Виши.

Натпреварот меѓу Шкупи и Арсими ќе се одигра на стадионот во Гостивар со почеток до 14 часот.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Стрмљан предупреди пред реваншот: „Не смееме да ги потцениме, утре повторно мораме да бидеме на 100%!

Охрид е на чекор до пласман во следното коло од ЕХФ Европскиот Куп, откако убедливо го совлада Спор Тото со 36-24 (18-10) на...

Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп откако во првиот меч во „Билјанини Извори“ славеше убедлива победа од...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран...

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на...

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во...

Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!