Прва лигаФудбал

Реми во Битола, Вардар со минималец над Башкими го чува врвот

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Возбудувањата во ПМФЛ продолжија со два различни сценарија – реми во Битола и сигурна победа на лидерот во Скопје.

На гостувањето кај Пелистер, екипата на Струга одигра одлично прво полувреме, но на крајот мораше да се задоволи со бод. Стружани наметнаа висок ритам и создадоа повеќе опасни ситуации, особено преку продорите по десната страна и иницијативата на Компаоре и Радески.

По неколку пропуштени можности, водството за гостите дојде по акција во која Воша најпрво беше запрен, но одбиената топка ја претвори во погодок. До паузата Струга можеше и поубедливо да води, но реализацијата изостана.

Во вториот дел Пелистер постепено ја презеде иницијативата, а пресвртот во динамиката дојде по измените кај гостите. По една несигурна реакција и пресечена повратна топка, Лука Булатовиќ ја искористи шансата и израмни. Во финишот Струга имаше можности преку Малески, но голманот Јовчевски беше на висина на задачата и им донесе значаен бод на битолчани.

Во Скопје, лидерот Вардар со минимални 1-0 го совлада Башкими и ја задржа првата позиција на табелата.

„Црвено-црните“ уште од стартот покажаа иницијатива, а иако раниот погодок беше поништен поради офсајд, притисокот продолжи. Решавачкиот момент се случи во самиот финиш на првиот дел, кога Стефан Цветковиќ повторно се запиша во листата на стрелци и донесе предност за домаќинот.



Во второто полувреме Вардар контролираше, создаде уште неколку изгледни шанси, меѓу кои и удар во дирекот, но резултатот остана непроменет. Башкими се закани претежно преку контранапади, но без конкретна реализација.

Со новите три бода, Вардар останува лидер и ја продолжува битката за титулата со стабилна предност на врвот.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Охрид убедлив против Прилеп, „гладијаторите“ со полна пареа кон Вардар

ГРК Охрид продолжува со сигурни настапи на домашен терен. „Гладијаторите“ вечерва ја забележаа третата победа пред своите навивачи, откако во рамките на четвртото...

Ракомет

ФОТО: Црна Гора ја надигра Македонија во вториот меч од „Трофеј Македонија“

ФОТО: Црна Гора ја надигра Македонија во вториот меч од „Трофеј МакедонијаМакедонската женска ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз на турнирот „Трофеј Македонија“,...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Нова тренерска промена во Прва лига: Скопје остана без тренер, Муарем Муарем поднесе оставка

Прволигашот Скопје остана без тренер, откако Муарем Муарем поднесе оставка, со што...

КупФудбал

КУП: Дерби на Саса и Скопје, Истатов со Ржаничино, Љуботен кај Билјанини Извори, Вардар против Пелистер

Денес беа одредени паровите за осминафиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!