Прва лигаФудбал

Работнички конечно победи: Гол-шоу во Струмица и прв гостински триумф сезонава

Сподели
ФОТО: ФК Брера Струмица
Сподели

Работнички стави крај на долгата резултатска агонија и во 19. коло од ПМФЛ забележа голема победа на гости кај Брера Струмица со 3-4. За тимот од Дебар Маало ова е само втора победа сезонава, но и прв гостински триумф, со што барем малку се враќа надежта во борбата за опстанок.

Натпреварот започна идеално за скопјани. Новото зимско засилување Џејкоб Езеб уште во 5. минута ја отвори серијата, откако избега зад одбраната и рутински реализираше за водство. Брера одговори во 18. минута преку Миле Тодоров, кој го искористи невниманието во одбраната за 1-1.

Сепак, гостите не се поколебаа. По нешто повеќе од половина час игра, повторно Езеб беше на вистинското место и со својот втор гол донесе нова предност за Работнички (1-2), резултат со кој се замина и на паузата.

Клучниот период се случи веднаш по стартот на второто полувреме. Во 51. минута Сухејљ Мухарем зголеми на 1-3, а само една минута подоцна Никола Манојлов ја искористи збунетоста во домашната одбрана и погоди за високи 1-4. Во тие моменти изгледаше дека прашањето на победникот е решено.

Но, Брера не се предаде. Тодоров со својот втор погодок во 72. минута намали на 2-4 и ја врати неизвесноста. Во финишот имаше тензии и возбудувања, а домаќините преку Велков во судиското продолжение стигнаа до 3-4. Сепак, немаа доволно време за целосен пресврт.

Со овие три бода Работнички стигна до вкупно 10 и останува на претпоследната позиција, но со значајна психолошка инјекција пред продолжението од сезоната. Брера, пак, останува на средината од табелата со шест победи зад своето име.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Кузманоски го искачи Строволу на врвот – македонскиот стратег лидер во кипарскиот шампионат!

Одлични вести пристигнуваат од Кипар, каде што Строволу, предводен од македонскиот селектор на кадетската репрезентација, Горан Кузманоски, се наметнува како водечка екипа во...

Ракомет

Охрид меѓу најдобрите 16 во Европа, Алкалоид со предност пред реваншот – познати се дел од патниците во осминафиналето!

Третото коло од ЕХФ Европскиот Куп донесе нови возбудувања и неколку убедливи изданија на екипите кои се борат за место во осминафиналната фаза....

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Шкендија против Силекс ќе цели кон нови три бода

Шкендија се враќа на фудбалските обврски по двонеделната пауза поради репрезентативните настапи,...

Прва лигаФудбал

Тимовски: Играме добро и создаваме шанси, против Шкендија одиме по позитивен резултат

По серијата позитивни резултати, Силекс во минатото коло претрпе пораз на домашен...

ФудбалЧетврта лига

Маџари со триумф над Победа, Кадино го декласираше Ускуп со осум гола

Деветтата рунда на Четвртата лига РФС 1 во Гази Баба донесе две...

ФудбалЧетврта лига

Горски слави триумф над Плавник, Форца Нова убедлива, минималец за лидерот Раштани Спорт

Осмото коло на Општинската фудбалска лига на Велес донесе погодоци на сите...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!