Втора лигаФудбал

Детонит Плачковица мина низ успешни подоготвки, радовишани подготвени за пролетниот дел!

Сподели
ФОТО: ФК Новаци
Сподели

Детонит Плачковица во сабота против Големо Коњари на домашен терен го започнува пролетниот дел во Втора лига.

Како што вели тренерот на Детонит Плачковица, Горан Здравков, имале успешни подготовки, задоволен е од подигањето на формата и ангажманот на новите засилувања.

“Имавме одлични зимски подготовки и донесовме неколку млади, талентирани засилувања. Задоволен сум од ангажманот на моите фудбалери и од начинот на кој се одвиваа подготовките. Видливо беше подигањето на формата, како и напредокот низ одиграните пријателски натпревари.

Сметам дека поседуваме квалитет и очекувам во пролетниот дел од сезоната нашата цел да биде завршување што повисоко на табелата. Верувам дека имаме капацитет тоа и да го оствариме.

Нѐ очекува првиот пролетен натпревар на домашен терен против екипата на Големо Коњари веќе утре. Како и на секој натпревар, влегуваме со максимална почит кон противникот, без разлика на позицијата на табелата. Ќе го дадеме најдоброто од себе, со јасна цел – освојување на трите бодови и победнички старт во 2026 година. Очекувам моите момци на секој натпревар да го даваат својот максимум во остварување на зацртаните цели”, вели тренерот Горан Здравков.

Четвртфиналето од Купот на Македонија меѓу Детонит Плачковица и Силекс наместо во Радовиш ќе се игра во Кратово, причината е тоа што ВАР технологијата започна да се спроведува веќе од оваа фаза од натпреварувањето во националниот Куп, наместо од полуфиналето.

“Во однос на натпреварот против Силекс во четвртфиналето од Купот на Македонија, за жал нема да можеме да го одиграме во Радовиш. Причината е што Градскиот стадион во Радовиш не ги исполнува условите за имплементација на ВАР-технологијата. Бидејќи од четвртфиналето во Купот започна задолжителната примена на ВАР, натпреварот сме принудени да го одиграме во Кратово. Воедно, сакам јавно да им се извинам на навивачите и поддржувачите поради тоа што нема да можеме да настапиме на домашен терен. Ги повикувам сите што се во можност да дојдат во Кратово и да ни дадат поддршка од трибините, со надеж дека заедно ќе се радуваме на нова победа и ќе ја израдуваме спортската јавност во Радовиш”, дополнува Здравков.

Согласно пропозициите за сезона 2025/2026 во Купот на Македонија, ВАР технологијата започнува да се имплементира од четвртфиналето и од таа причина мечот не може да се одигра во Радовиш, за што потврдуваат и самите пропозици во член 3а став 1.

Член 3а (1) Доколку клубот-домаќин за натпревар од четвртфинале на КУП и полуфинале на КУП нема инфраструктурни услови за примена на ВАР технологија на стадионот кој го има пријавено за натпреварување, натпреварот ќе се игра на стадион на кој постојат инфраструктурни и технички услови за примена на ВАР технологија, за што е должен да ја извести Комисијата за натпреварување најдоцна седум дена пред одигрувањето на натпреварот.

Детонит Плачковица е подготвен за пролетните предизивици, како во Втората лига каде ќе се цели за што повисок пласман на табелата, така и во Купот на Македонија, каде радовишани ќе обидат преку прволигашот Силекс да стигнат до полуфинале.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во која тетовци ќе атакуваат на нови три бода. Шкендија посакува да...

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија и Вардар ќе ги одмерат силите во дербито од Првата македонска...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во...

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија...

Прва лигаФудбал

Шабани: Го респектираме противникот, но нашата цел се нови три бода

Струга Трим Лум им се врати на победите во минатото коло, а...

Прва лигаФудбал

Ангелов: Време е да ставиме крај на негативната серија, време е за победи

Фудбалерите на ФК Скопје се во лоша резултатска низа, но не потклекнуваат...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!