Втора лигаФудбал

Доне Ристовски го доби дербито меѓу Беласица и Охрид, Дејан Младеновски главен во Тетово

Сподели
Сподели

Познати судиите за првото пролетно коло односно 16-тата рунда од Втората фудбалска лига. Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги делегираше судиите кои ќе ја делат правдата на осумте натпревари.

Тетекс на домашен терен ќе игра со Вардар Неготино, а главен судија ќе биде Дејан Младеновски, негови асистенти ќе бидат Горан Милошевски и Бесар Абдули, а пак Бардхиљ Ибраими ќе биде четврт судија. Горан Илиќ ќе биде делегат, а Бурханедин Салихи контролор.

Соочување во Гевгелија меѓу Кожуф и Брегалница ќе го суди Боби Величков, а ќе му асистираат Роберт Црвенов и Александар Ајдаров, а пак Јордан Јовановски ќе биде четврт судија. Делегат на средбата ќе биде Николче Ивановски, а Љубе Ристевски ќе биде контролор.

Победа ќе игра против Новаци на домашен терен, а правда ќе дели Ангелчо Ристов, а ќе му помагаат Ване Дупкаров и Ване Данилов, а пак Ангел Гелов ќе биде четврт судија. Алајдин Асани ќе биде делегат, а Сашо Иванов контролор.

Дербито на Истокот во Кочани меѓу Осогово и Каменица Саса ќе го суди Благојче Ралевски, а помошници ќе бидат Петар Степановски и Николче Дрнковски, а Дарко Котевски ќе биде четврт судија. Делегат ќе биде Драган Иванов, а контролор Горан Манасиев.



Спире Арсов ќе им суди на Шкендија Арачиново и Преспа, а ќе му помагаат Богданчо Ѓеоргиев и Петар Михаилов, а пак Дарко Стојанов ќе биде четврт судија. Цане Будимов на овој меч ќе биде делегат, а Горан Ангелески ќе биде контролор.

Дербито во Струмица меѓу Беласица и Охрид го доби Доне Ристовски, а ќе му помагаат Иван Танев и Стефан Митров, а пак Блаже Петковски ќе биде четврт судија. Дарко Китановски ќе биде делегат, а пак Сашко Ангелов ќе биде контролор.



Натпреварот во Виница меѓу Слога и Скопје е го суди Крумислав Ѓоргиев, а ќе му асистираат Александар Гигов и Зоран Саздовски, а Здравко Костовски е четврт судија. Илија Поп-Костов е делегат, а контролор на овој меч ќе биде Ѓорги Карајанов.

Натпреварот во Радовиш меѓу Детонит Плачковица и Големо Коњари ќе го суди Ненад Тодоровски, а ќе му помагаат Стефан Стојановски и Виктор Здравев, а пак четврт судија ќе биде Борче Павловиќ. Лазар Проданов ќе биде делегат, а Бранко Величковски ќе биде контролор.

Сите натпревари од 16. коло на ВМФЛ стартуваат во 14 часот.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

ФОТО: Детска недела со Брера: Околу 100 дечиња уживаа во спортска дружба во Струмица

По повод Детската недела, ФК АП Брера Струмица и ЖФК Тиверија Брера организираа прекрасен спортски настан посветен на најмладите, на кој учествуваа околу...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект подготвува голема трансфер „бомба“

Македонскиот футсал шампион Проект кој минатата сезона ја освои по првпат двојната круна, подготвува голема трансфер „бомба“ за новата сезона 2026/2027, која ќе...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

ФОТО: Детска недела со Брера: Околу 100 дечиња уживаа во спортска дружба во Струмица

По повод Детската недела, ФК АП Брера Струмица и ЖФК Тиверија Брера...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект подготвува голема трансфер „бомба“

Македонскиот футсал шампион Проект кој минатата сезона ја освои по првпат двојната...

Прва лигаФудбал

Деветтото коло на ПМФЛ во три дена: Тиквеш – Брегалница во 12 часот, Башкими и Струга го затвораат колото

Деветтото коло на Првата македонска фудбалска лига се отвара во сабота во...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Кои екипи имаат максимален ефект во Третата лига, а кои разочараа по четири кола?

По четири одиграни кола во шестте региони на Третата македонска фудбалска лига,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!