Втора лигаФудбал

Верните „мајмуни“ најавија собир пред Градскиот стадион во Прилеп за својата Победа!

Сподели
Сподели

Навивачката група „Мајмуни“ најави собир за четврток пред градскиот стадион во Прилеп со цел последните случувања околу фудбалскиот клуб Победа.

Собирот е закажан за во 14 часот, а навивачите се мобилизираат за Победа и како фудбалската гордост на Прилеп ќе продолжи во иднина.

Клубот пред неколку дена преку соопштение извести дека поради очајната финансиска состојба нема да продолжи со натпреварување, но клубот сè уште не ја има известено ФФМ дека нема да продолжи со натпреварување, а со тоа се буди и најмалата надеж дека Победа ќе продолжи со натпреварување.

Време многу нема, бидејќи Победа веќе во сабота треба да биде домаќин на Новаци во рамки на првото пролетно коло, но како тимот ќе продолжи е голем прашалник.

Изминатите денови информации од Прилеп говореа дека Победа ќе „скрпи“ тим со млади фудбалери и со фудбалери кои немаат ангажман, со цел да се доигра сезоната.



Останува да видиме што ќе донесе собирот на верните „мајмуни“ и кои ќе бидат следните чекори кон спас на фудбалскиот бренд Победа.

Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Одличен старт на Пчиња во Трета лига регион 2 под водство на младиот тренер Никола Цветковиќ

Третолигашот Пчиња одлично ја започна сезоната 2026/27, а еден од најзаслужните за позитивниот старт е 25-годишниот Никола Цветковиќ, кој за првпат во кариерата...

Останато

ФОТО: Штип УГД во полна пареа пред новата сезона, две проверки со Феризај пред историскиот настап во Лигата на шампионите

Одбојкарскиот шампион на Македонија, Штип УГД, продолжува со подготовките за новата сезона, а во рамки на подготвителниот период одигра два контролни натпревари против...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Одличен старт на Пчиња во Трета лига регион 2 под водство на младиот тренер Никола Цветковиќ

Третолигашот Пчиња одлично ја започна сезоната 2026/27, а еден од најзаслужните за...

Трета лигаФудбал

Илинден не го запира ништо – „петарда“ за Фортуна, „кикс“ на БВК Коњаре, Аеродром загуби на домашен терен

Фаворитот Илинден продолжува да нижи порази во Трета лига регион 1 откако...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!