Втора лигаФудбал

Победа нема да продолжи со натпреварување во Втора лига?

Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Победа од Прилеп е во крајна очајна ситуација, финансиски проблеми кои се рефлектираат за клубот да продолжи со натпреварување.

Од прилепскиот второлигаш преку соопштение истакнаа дека клубот не е во можност да го продолжи натпреварувањето во Втората македонска фудбалска лига.

  • ЦЕЛОСНОТО СООПШТЕНИЕ НА ФК ПОБЕДА:

Почитувани,

Друштво за спортски активности ФУДБАЛСКИ КЛУБ “ПОБЕДА” АД – Прилеп со седиште во Прилеп на ул. „Александар Македонски“ бб со ЕМБС 6588689, ја известуваме фудбалската и спортската јавност:

Да ја појасниме моменталната ситуација во нашиот клуб, во месец април 2025 година дојде до промената на мнозинскиот акционер на нашиот клуб, новиот мнозински акционер, е со став дека не сака да го води клубот, па така на единственото легитимно и легално акционерско собрание не постави лица кои би раководеле со клубот и не назначи извршен директор.

Пред почетокот на новата натпреварувачка сезона, во месец август се бараше заедничко решение со Градоначалникот и Општина Прилеп, па поради краткиот времески период за делување, се донесе привремено решение и се постави одговорно лице со цел клубот да продолжи да функционира до изнајдувањето на долгорочно решение. На советот на  општина Прилеп беше изгласана одлука за доделување на еднократна финансиска помош во висина од 1.000.000,00 денари, која не беше исплатена поради распишувањето на локалните избори, истата до денес не е исплатена, што воедно беше и услов за клубот да се натпреварува во сезона 2025/2026 во ВМФЛ.

Во овој момент клубот е со блокирана сметка и во крајно очајна финансиска ситуација, поради што, ја известуваме јавноста дека, сениорската екипа на Ф.К. ПОБЕДА Прилеп не е во можност да го продолжи натпреварувањето во Втората Македонска Фудбалска Лига.

Победа е во зоната за директно испаѓање, а доколку не се изнајде решение клубот нема да продолжи со натпреварување и со тоа Втората лига ќе продолжи со 15 екипи и во секое коло ќе има по една слободна екипа.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

ОФС Кичево ги повикува заинтересираните екипи за учество во Општинската лига 2026/2027

Општинскиот фудбалски сојуз Кичево ги повикува сите заинтересирани екипи кои сакаат да се натпреваруваат во Општинската фудбалска лига во Кичево за сезона 2026/2027...

Ракомет

Лука Георгиевски повторно во Еурофарм Пелистер 2 – младинскиот репрезентативец се враќа во Битола

Еурофарм Пелистер 2 продолжува да го комплетира составот за новата сезона, а битолскиот тим доби засилување на десната бековска позиција со враќањето на...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ОФС Кичево ги повикува заинтересираните екипи за учество во Општинската лига 2026/2027

Општинскиот фудбалски сојуз Кичево ги повикува сите заинтересирани екипи кои сакаат да...

КупФудбал

КУП: Вардар против Овче Поле, Тетекс со Брегалница, Осогово против Беласица

Утврден е распоредот и натпреварувачките парови од 1/16-финалето на Купот на Македонија за сезоната...

Втора лигаФудбал

Одложените натпревари од Радовиш и Тетово од 2. коло на Втора лига добија нови термини

Двата натпревари од 2. коло во Втората македонска фудбалска лига кои беа...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!