ФудбалФутсал

Вечерва Јувентус Серава и Кеги Моби го отвараат колото, шампионот Форца против Црна Река!

Сподели
ФОТО: Futsal Club FORCA
Сподели

Вечерва со натпреварот меѓу Јувентус Серава и Кеги Моби ќе биде отворено 5. коло од Првата футсал лига на Македонија. Натпревар каде и двете екипи силно ги посакуваат трите бодови и атакуваат на прво сезонско славје. Стартот на овој натпревар е во 21 часот.

В недела ќе се одиграат два натпревари. Клими во Кавадарци ќе го пречека Железарец каде гостинот е фаворит, а домакинот сака втора победа, во дуел кој стартува во 16 часот. Дербито на колото ќе го одиграат поранешните шампиони, повратникот Проект во Гевгелија го чека лутиот ривал Шкупи, а стартот на мечот е во 18 часот.

Во понеделник од 20:30 часот Бутел на домашен терен ќе бара прва победа против фаворитот Осогово од Крива Паланка, а 15 минути подоцна ќе започне натпреварот во Кавадарци каде „фенерџијата“ Црна Река ќе ги бара првите бодови против големиот фаворит Форца, каде шампионот ќе атакува на пет од пет.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска конкуренција. Во оваа фаза од Купот пласман обезбедија само прволигашите. Истатов...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори го доби Топ Гол, Јоана Никова херој: Охриѓанки со одличен старт во новата сезона

Денес се комплетираше второто коло на Втората женска фудбалска лига откако Билјанини Извори со 2:1 славеше над ланскиот прволигаш Топ Гол од Битола...

Поврзани написи
КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори го доби Топ Гол, Јоана Никова херој: Охриѓанки со одличен старт во новата сезона

Денес се комплетираше второто коло на Втората женска фудбалска лига откако Билјанини...

ФудбалЧетврта лига

Новата сезона во ОФЛ Струмица стартува во недела, ќе се натпреваруваат 14 екипи

Со 14 екипи во недела ќе започне новата сезона 2026/27 во Општинската...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!