Европско првенство 2026Ракомет

Данска го преживеа францускиот притисок и ја врати надежта за полуфинале

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Ракометната репрезентација на Данска запиша огромна и многу значајна победа над Франција, славејќи со 32-29 во дербито од првото коло во главната фаза на Европското првенство, одиграно во Хернинг. За домаќинот ова беше меч „на сè или ништо“, поради тоа што Данците не пренесоа бодови од првата фаза и пораз речиси сигурно ќе значеше крај на сонот за полуфинале.

Дуелот започна во висок ритам и со многу физичка игра. Франција делуваше посигурно во воведот и во неколку наврати имаше минимална предност, но Данците брзо воспоставија рамнотежа и до паузата резултатот беше во целосен егал – 12-11 за „триколорите“.

Во второто полувреме сценариото не се промени – се играше гол за гол, со чести пресврти и без поголема резултатска разлика. Франција во еден момент поведе и со два гола, но Данска не дозволи противникот да се одлепи. Клучниот момент се случи во последните десет минути, кога избраниците на Николај Јакобсен ја подигнаа агресивноста во одбраната, а во нападот пронајдоа решенија преку Гидсел и Питлик.

Финишот целосно им припадна на Данците, кои со серија прецизни напади и неколку важни интервенции на голманот Емил Нилсен направија решавачка разлика и стигнаа до заслужен триумф од 32-29.

Матијас Гидсел беше прво име на натпреварот со девет погодоци, додека Симон Питлик додаде осум. Кај Франција најрасположен беше Емерик Мине со седум голови. По ова коло, Германија е лидер во групата со четири бода, додека Данска, Франција, Норвешка и Португалија имаат по два, а Шпанија останува без бодови.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!