Втора лигаФудбал

Искусниот Ален Јашароски ново име во нападот на Шкендија Арачиново

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија Арачиново
Сподели

Второлигашот Шкендија Арачиново претстави искусни засилување за пролетниот предизвици – Ален Јашароски го облекува „црвено-црниот“ дрес.

34-годишниот фудбалер настапуваше во Косово во тимот на КЕК, а сега се враќа во македонскиот фудбал. Низ својата кариера искусниот фудбалер беше дел од Силекс, Воска Спорт, Скопје, Ренова, Македонија ЃП, Шкупи, Еуромилк ГЛ, Работнички и Хоризонт Турново, додека пак во странство беше дел и од екипата на Приштина од Косово.

Јашароски е искусен фудбалер и се очекува да биде големо засилување во тимот на Љупчо Марковски – Калц.

Тимот од Арачиново презимува на второто место со 35 бодови, бод помалку од лидеро Охрид, а пролетниот дел Шкендија го отвара против Преспа на домашен терен.


Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Осум екипи во новата сезона на Втората женска лига, дури четири дебитанти и еден повратник

Новата сезона во Втората македонска женска фудбалска лига ќе донесе изменет состав на екипи, а во шампионатот ќе се натпреваруваат осум екипи, ексклузивно...

Останати репрезентацииРепрезентација

Јанев со пресврт до второто коло на Европското првенство за јуниори

Македонскиот Дејвис куп репрезентативец Кристијан Јанев со голема борба и пресврт успеа да обезбеди пласман во второто коло на Европското првенство за тенисери...

Поврзани написи
Втора женска фудбалска лигаФудбал

Осум екипи во новата сезона на Втората женска лига, дури четири дебитанти и еден повратник

Новата сезона во Втората македонска женска фудбалска лига ќе донесе изменет состав...

ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот...

Прва лигаФудбал

Одлични судиски перформанси во 7. коло од Прва МФЛ

По извршената анализа од сите натпревари, вклучително и денес последно одиграниот првенствен...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!