Европско првенство 2026РакометРакометна репрезентацијаРепрезентација

Лазаров предупредува: „Не смееме да ја потцениме Романија – мора пак да одговориме како против Португалија“

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

По очекуваниот пораз од Данска и големото реми со фаворитот Португалија, македонската репрезентација повторно ја разбуди надежта кај ракометната јавност и ги задржа шансите за пласман во главната рунда на Европското првенство. Освоениот бод против една од најсилните селекции на турнирот донесе оптимизам, но и обврска – да се потврди формата против Романија.

На редовната прес-конференција, селекторот Кирил Лазаров најмногу внимание посвети токму на претстојниот дуел, предупредувајќи дека најтешки се натпреварите по големи партии.

„Македонија ретко успева да повтори иста добра игра во само 48 часа, но верувам во овие момци. Тие веќе прераснуваат во сериозни ракометни личности и знаат што значи овој предизвик. Денеска ќе се одмориме, а утре мора повторно да одиграме на високо ниво“, истакна Лазаров.

Селекторот потенцира дека и покрај разликата во квалитет, Романија не смее да се сфати лесно, особено поради сериозните вложувања во нивниот ракомет.

„Не сакам да ја потценам Романија. Тие имаат амбиции, вложуваат многу и сигурно ќе дојдат со притисок. Како систем сме поквалитетни, но тоа треба да го докажеме на терен. Ќе брзаат, ќе ризикуваат, а ние мора да знаеме како да го казниме тоа“, порача македонскиот стратег.

Лазаров се осврна и на процесот на градење на системот, нагласувајќи дека селекцијата сè уште има простор за напредок, но и дека веќе се гледа зрелост во играта.

„Имаме ростер кој може да одговори на различни барања. Не сме уште на нивото да менуваме три зони во текот на мечот, но работиме кон тоа. Против Португалија се подготвувавме за ‘седум на шест’, а тоа секогаш е огромен предизвик“, додаде Лазаров.

Посебен дел од обраќањето беше посветен и на здравствениот биланс во репрезентацијата.

„Џонов е на дополнителни прегледи и ситуацијата е неизвесна. Петар Атанасијевиќ дефинитивно отпадна, а го повикавме Гоце Ојлески како дополнителна опција. Се надеваме и дека Никола Маркоски нема да биде суспендиран по црвениот картон“, објасни селекторот.

Македонија и во дуелот со Романија ќе има силна поддршка од трибините во Хернинг, каде се очекува црвено-жолтата публика повторно да доминира, во меч кој може да биде клучен за продолжување на европската приказна.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) Готен сезоната ја отвара против Сачево, Василево против Струмешница, Единство налета на Спартмани

Вечерва беше извлечена ждрепката за новата сезона во Четвртата фудбалска лига во Струмица, односно Општинската лига, која стартува веќе во недела, а ќе...

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...

Поврзани написи
Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!