Прва женска фудбалска лигаФудбал

Хава Мустафа на радарот на европски клубови: Розенгард и Спартак Суботица сериозно заинтересирани!

Сподели
ФОТО: ЖФК Љуботен
Сподели

Една од најдобрите македонски фудбалерки, Хава Мустафа, која со години е меѓу најдобрите стрелци во домашниот шампионат, се најде на радарот на неколку странски клубови кои пројавуваат сериозен интерес за нејзините услуги.

Според информациите на Спортска Мрежа, за фудбалерката на македонскиот шампион Љуботен конкретен интерес покажуваат шведскиот гигант Розенгард и српскиот Спартак Суботица. Дополнително, според нашите сознанија, Мустафа е следена и од уште неколку странски екипи, што е јасна потврда за нејзиниот квалитет и одличната форма во изминатиот период.

Ова воедно претставува сериозен предизвик за Љуботен да ја задржи својата најдобра фудбалерка, додека Мустафа ќе има можност внимателно да ја избере најдобрата опција за продолжување на својата кариера.

28-годишната офанзивка од август 2024 година го носи дресот на тетовскиот клуб и настапува во извонредна форма. Во квалификациите за Лигата на шампионите, Мустафа блесна против Пјуник, постигнувајќи неверојатни четири погодоци во убедливата победа од 4:0, практично самостојно решавајќи го натпреварот. Таа беше стрелец и на дуелот против НСИ Рунавик.


Во есенскиот дел од Првата женска фудбалска лига, Мустафа постигна осум голови, додека минатата сезона беше убедливо најдобар стрелец во шампионатот со импресивни 32 погодоци. И во претходните сезони редовно се наоѓаше меѓу најдобрите голгетерки.

Фудбалската кариера ја започна во Единство, каде настапуваше до август 2017 година. Потоа се пресели во Тетово, каде играше до јули 2019, по што следуваше трансфер во Шкендија, во која настапуваше од 2019 до 2024 година. Од минатото лето е член на актуелниот шампион ЖФК Љуботен.

Хава Мустафа е и стандардна репрезентативка на Македонија, со значаен придонес во националниот тим.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...

ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се кандидира за нов мандат. Првиот човек на европскиот фудбал на состанокот...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска...

ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се...

Втора лигаФудбал

(ФОТО СТАТИСТИКА) Дерби во Струмица под рефлектори: Беласица против Пелистер

Седмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се заокружи со дерби...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!