Прва лигаФудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Шкендија го продаде Клисман Цаке во Ахмат Грозни

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија
Сподели

Еден од најстандардните и најважни фудбалери на Шкендија во изминатите сезони, Клисман Цаке, ја заврши својата епизода во Тетово и кариерата ќе ја продолжи во Русија. Албанскиот дефанзивец официјално е нов член на прволигашот Ахмат Грозни, кој ја активираше откупната клаузула во договорот и на тој начин стави крај на четиригодишната соработка со македонскиот шампион.

Од тетовскиот клуб информираат дека трансферот е реализиран со целосна почит кон желбата на играчот да направи следен чекор во кариерата и да се испроба во нова меѓународна средина, а воедно Шкендија обезбедила и финансиско обесштетување, што го прави договорот поволен за двете страни.

Цаке пристигна во Шкендија во јануари 2022 година и во наредните четири години и пет нецелосни сезони беше нераздвоен дел од „црвено-црните“. Во тој период освои шампионска титула и одигра вкупно 133 официјални натпревари – 106 во првенството, три во Купот и 24 на европската сцена, при што постигна 12 погодоци, бројка која е особено значајна ако се знае дека станува збор за дефанзивец.


Посебно место во неговата тетовска приказна има историскиот успех на клубот – пласманот во групната фаза од Конференциската лига на УЕФА, каде што Цаке беше еден од клучните играчи. Интересен е и фактот што минатото лето, по освојувањето на титулата, тој имаше можност да си замине како слободен фудбалер, но одлучи да го продолжи договорот и да му помогне на клубот во европската авантура, а сега заминува оставајќи и конкретен бенефит за Шкендија.

Од клубот му се заблагодарија за професионализмот, посветеноста и придонесот во изминатите години, потенцирајќи дека Клисман Цаке засекогаш ќе остане дел од златната генерација на Шкендија, и му посакаа многу успех во новиот предизвик со Ахмат Грозни.


Сподели

Не пропуштајте

Останато

Марко Алексовски вицешампион на јуниорскиот турнир во Атина

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски (15 години) оствари одличен резултат на јуниорскиот турнир во Атина за тенисери до 18 години. Алексовски успеа да...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски го објави списокот на фудбалери за квалификациите за ЕП за фудбалери до 19 години

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години од 9 до 17 ноември ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир од вториот круг за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!